Онлифанс во 2023 исплатил повеќе за плати од НБА

Креаторки и креатори на Онлифанс минатата година заработиле над една милијарда долари повеќе отколку некои од најелитните кошаркари во светот.

Најплатен НБА кошаркар е Стив Кари кој минатата година имал плата од 51,9 милиони долари. На второ место е Кевин Дурант со 47,64 милиони долари, а топ три ги затвора Леброн Џејмс со неговите 47,6 милиони долари.

Од овие три па од последниот кошаркар во лигата, сите НБА играчи во 2023 заработиле 4,9 милијарди долари.

Од друга страна, целосната постава на Онлифанс порно ѕвезди 2023 ја завршиле со неверојатни 6,6 милијарди долари, или 1,7 повеќе отколку кошаркариве.

Иако има онлифанки што месечно заработуваат и по неколку милиони долари, главно објаснување за разликата од 1,7 милијарди долари е дека платформата има неспоредливо повеќе креатори отколку што НБА има кошаркари.

Човекот кој најмногу заработува од Онлифанс и понатаму останува нејзиниот сопственик Леонид Радвински, кој минатата година од компанијата доби дивиденда од 472 милиони долари, или нецели 1,3 милиони долари на ден.

17 септември 2024 - 11:22