На судското рочиште треба да се одлучи кој ќе добие најмногу акции со глас и овластувања за контролирање на Њуз корп и Фокс њуз по смртта на милијардерот.
Наводно, Мурдок сака да ги измени правилата на семејниот труст оформен во 1999 за контролата врз имотот да ја преземе син му Лаклан без притоа да има „мешање“ од другите деца на Руперт.
Мурдок, кој пет пати е женет, исто така им и две помали деца, Грејс и Клои, кои според правилата на трустот немаат право на глас.
Трустот на семејството Мурдок му дава осум гласови, кои се одлучувачки во бордот на Њуз корп и Фокс њуз. Од овие осум, четири се на Руперт, а останатите се поделени меѓу неговите четири најстари деца.
Договорот до сега беше по смртта на Мурдок неговите гласови еднакво да се поделат меѓу четирите најстари деца. Заради разлики во мислење и политички гледишта, Мурдок сака да го смени ова во корист на Лаклан, кој наводно ги има истите десничарски ставови како својот татко.