Кинеските медиуми пишуваат дека човекот бил вработен од февруари 2023 под строг договор, и од тогаш развил пневмококна инфекција од која умира во јуни годинава.
Молерот имал договор за работа на проект до јануари годинава. Од февруари до мај 2023 тој го изработил секој ден освен 6-ти април. На 25-ти мај молерот зема слободен ден затоа што не се чувствувал добро, па дента одмара во работничкиот дом. На 28-ми неговата состојба се влошува и тој итно е пренесен во болница од колегите. Човекот умира на 1 јуни.
И покрај овие 104 денови, неговата смрт не може да се квалификува како повреда поврзана со работа, бидејќи минале повеќе од 48 часа меѓу неговото пријавување на болеста и смртта.
Од компанијата објаснуваат дека работните задачи на мајсторот не биле ништо неподносливо и дека времето прекувремено што го работел било доброволно. Тие тврдат дека смртта е последица на претходни здравствени проблеми.
Од друга страна кинескиот суд тврди дека работење 104 последователни работни денови е спротивно на кинеските закони за работни односи, според кои максимумот е 8 работни часа на ден или во просек по 44 часа неделно.
На крај одлуката на судот е дека компанијата е 20% виновна за смртта и за тоа ќе треба да му плати отштета на семејството од 56.000 долари.
Претходно, во 2019 имаше случај кога работник почина додека патувал кон дома, откако без одмор го работел секој ден од месец јули и имал плус 130 часови прекувремено (околу 16 работни денови).