Унгарската влада му наложила на министерот за европски прашања на земјата да преговара со Европската комисија за решавање за спорот, покренат со одлуката Унгарија да биде казнета со 200 милиони евра поради кршење на правилата на ЕУ за давање азил.
„Последниве години, Унгарија потроши две милијарди евра за заштита на надворешната Шенген граница без да добие никаква помош од Европската унија“, рече шефот на кабинетот на Виктор Орбан.
Вели дека Унгарија планира да ги наплати тие пари со правни механизми, меѓу кои не е исклучено и да ја тужи Европската комисија.
Конфликтот се разгоре во јуни кога Европскиот суд на правдата ѝ нареди на Унгарија да ја плати казната од 200 милиони евра за упорно кршење на правилата за азил, но и дополнителни еден милион евра дневно додека не ги усогласи политиките со оние на ЕУ.
Будимпешта го одложува плаќањето.
Како одговор на казните, владата на Орбан прво се закани дека ќе им обезбеди на имигрантите бесплатен автобуски превоз од јужната граница на Унгарија до седиштето на ЕУ во Брисел, но откако Брисел порача дека дури тогаш реакцијата ќе биде незгодна, подобјасни дека само оние кои добиле политички азил во Унгарија ќе можат да одат бесплатно во Брисел.
Будимпешта ја критикуваше неодамнешната одлука на Германија да воведе гранични проверки долж сите нејзини девет граници со цел да се запре илегалната миграција, одлука што ја доведува во прашање смислата на Шенген зоната.
Инаку, за да ја плати казната, Унгарија има рок до 17 септември.