Искусната новинарка Мегин Кели која и самата го запука Доналд Трамп во неговата прва републиканска дебата за претседател во 2015 година, овојпат остана згрозена од пристрасноста на нејзините колеги од ABC во полза на Камала Харис.
„Овие модератори беа жив резил и ова беше една од најпристрасните и најнефер дебати што сум ги видела“, напиша Кели на Твитер. „Срам да ви е!“
Кели оцени дека наклонетоста на модераторите (од кои едниот личен пријател со Камала) била многу очигледна и дека во добар дел од дебатата тоа изгледало како да дебатираат тројца против еден.
Меѓу другото, секој збор што Трамп го кажа на сцената бил најпедантно факт-чекиран додека ништо од таа педантност немало за изговореното од Камала Харис, дури и кога ќе повторела некоја лага која во минатото повеќекратно била демаскирана.
Трамп направил што можел но неколку пати бил доведен во непотребна дефанзива бидејќи Камала и нејзините медиумски сојузници играле „мрежно.“ ж
Мегин Кели вика дека стратегијата на водителите од ABC била брутално едноставна.
Отприлика вака: еден од нив ќе каже „Господине Трамп, вие сте говно“ а потоа ќе се сврти кон Камала и ќе ја праша: „Нели е ма говно?“
Следбениците на Трамп признаваат дека тој овојпат не успеал да биде спектакуларен фајтер и дебатер како во некои претходни соочувања со Бајден или Хилари и дека не бил добро подготвен за ваква сачекуша па фаќал да се брани, наместо да ја раскринка противничката со тоа што правела и што не правела како втор човек на САД.
Сепак, по нивна оценка, последното обраќање му било политички мастер - клас.