Насоките доаѓаат од шведската државна Агенција за јавно здравје, и според нив децата на возраст од две до пет години треба да бидат ограничени на максимум еден час екрани на ден.
За повозрасните, од 6 до 12 години, ова не треба да биде повеќе од еден до два часа на ден пред екрани. Тинејџерите, 13 до 18 години, смеат да се два до три часа на ден.
Шведскиот министер за здравство, алармира дека тамошните деца на возраст од 13 до 16 години, вон школско време, во просек минуваат по 6,5 часа на ден пред екрани. За министерот ова на децата не им остава доволно време за дружење, физичка активност и доволно спиење, порачувајќи дека половина од 15-годишниците не спијат доволно.
Агенцијата исто така препорачува децата да не користат екрани пред спиење, а во спалните / детските да нема никаков телефон или таблет уред. Од Агенцијата наведуваат и истражувања според кои претераното седење пред екрани знае да доведе до лош сон, депресија и незадоволство од сопственото тело.
Шведската влада претходно соопшти дека има намера да ги забрани мобилните телефони во училиштата.