Во 1974 година се има случено нешто слично, на што потсетија луѓето од австрискиот огранок на организацијата BirdLife. Заради наглото спуштање на температурите, илјадници ластовички се смрзнувале а во очајнички обид да ги спасат, волонтери ги ставале во возови кои одат кон југ. За жал, повеќето од нив не преживеале.
Во Хрватска деновиве се објавуваа многу фотографии од ластовички кои се групираат по прозорци и балкони. Луѓе помислија дека можеби тоа е вообичаена формација пред да се преселат на југ, но објаснувањето не е толку романтично. Времето ги изненади и затекна па се туткаат заедно за да се стоплат.
Во нормални календарски години, ластовичките од таму заминуваат кон крајот на месецов но овојпат температурите се спуштија преку ноќ а овие не успеаја да киднат на потопло.
Проблем не се само температурите туку и храната.
„На ластовичката ѝ треба топлина за нормално да функционира, тоа е главната причина за нивната преселба на југ. Но, ѝ требаат и инсекти кои ги лови во лет. Ако тие две работи ги нема, умираат, како што сведочиме овие денови. Се збираат во поголеми друштва за да ја подигнат телесната температура, но, за жал, ладното време и дождовите ги натераа инсектите да се скријат,“ вели Мануел Јецмановиќ од хрватската Орнитолошка лабораторија.
Вели дека птиците веќе изгубиле маса која треба да се надополни а тоа е тешко затоа што тоа се диви птици и тешко е човечки да се прихрануваат. Предлага во просторија во кој се имаат засолнето, да се остави сад со вода и црви брашнари, па ако јадат - јадат.