Дијагнозите и целите на неодамнешниот извештај на МАрио Драги (види „На ЕУ ѝ треба дупло посилен Маршалов план, инаку пропаѓа“ и „Европската унија е пред перестројка“) се вредни и нема што да им се забележи, меѓутоа кога работата ќе се погледа одблизу, ситуацијата изгледа далеку полоша.
На пример, тоа дека Европа е во толку ужасна состојба - што извештајот го признава - заради самата себе и заради своето управување. Ако планирате да критикувате резултати на една организација, најважно е да обрнете внимание на нејзиното водство и неговата ефикасност. Залудно е да се предлагаат нови иницијативи слични на оние кои веќе не успеаја, ако се во раце на оргаизација која не е во состојба да ги спроведе. Тоа е првото нешто што се поправа.
Не можете да земете иста организација, со истите луѓе и да очекувате дека таа ќе испорача поинакви резултати од досегашните, само ако ѝ се дадат повеќе пари.
Се сеќавам дека кога бев тинејџер, ЕУ ни беше „продавана“ исто како овој извештај, со приказна дека тоа е единствениот начин да се натпреваруваме со големите играчи, главно Американците во тоа време. Ни кажуваа дека тоа ќе ни овозможи да бидеме многу посилни на меѓународната сцена, да имаме посилен глас, да бидеме во состојба подобро да се браниме. Еве нè, четврт век подоцна, ништо од тоа не успеа: слаби сме во нови технологии, зависни сме од увоз на дигитални технологии, имаме недоволни одбранбено-индустриски капацитети, пишува Бертран.
Тој порачува дека воспоставувањето начин на размислување за одбрана на суверенитет на сите нивоа е многу поважно прашање отколку нивото на вложување или регулаторни бариери.
Сè додека ЕУ не биде подготвена да изврши фундаментални промени во управувањето и размислувањето за суверенитетот, извештаите како оној на Драги ќе бидат само список на желби а Европа ќе продолжи да си ја брска сопствената опашка во игра чии правила ги пишува некој друг.