Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Како функционира ИСИС

Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.

Како храната влијае на вашите соништа

Проблемот со врската меѓу двете работи е што не е корпоративно очигледна за да може да се сведе на ексел во кој што знаеш дека ако изедеш А, ќе сонуваш Б. Ама има врска, барем според научниците.

Ајфон 6 рецензија

После години со наслови и рецензии од типот нечовечки и апсурдно големи телефони (за Ноут на Самсунг), годинава Верџ (како и добар дел од досегашните корисници на Ајфон) инстантно легна на брашно во моментот кога Епл објави дека новиот Ајфон ќе има нечовечки големи димензии. Ова на страна, еве ја една од првите рецензии за 6-та.

Муслимани што не се палат на екстремизам

Избирајќи дали да одат по патот на некои новокомпонирани искуства (како нашиве локални) кога луѓе навиваат и го подржуваат екстремизмот, или ќе ги почитуваат начелата за мир и соживот на својата вера (како што беше во Норвешка), германските муслимани се решија на ова второто. Во петок во 2.000 германски градови муслиманите ќе излезат да протестираат против екстремизмот, ИСИС и таквото толкување на Исламот.

Ни животно не можеш да бидеш на раат

Од сите видови туризам што можеа да цветаат во Данска, се погоди да успее баш - туризмот за секс со животни. Главна кривица за ова е што кај сите нивни соседи, ваквите активности од неодамна беа забранети.

Тропскиот Вавилон

Изграден во Каракас во 60-те и замислен е како "драјв-ин" трговски центар. Замислата се претвора во кошмар откако проектот се закачува на речиси секоја можна препрека по пат, па судбината му се движи од седиште на тајната полиција до дувло за нарко-трговија и проституција.

Пентагон и проблемот со броење недвижности

Пентагон низ САД и остатокот од светот, поседува околу половина милион најразлични имоти кои заедно се протегаат на околу 121.400 километри квадратни. Половина од нив не знаат за што им служат.

За да го разбереш Путин, читај го Орвел

Структурата и поентата на 1984-та има застрашувачки прецизна сличност со актуелното однесување на Путин и моменталната позиција на Русија кон Украина.

Најк авион

Спортистите кои ќе минат низ повеќе од 3 временски зони додека патуваат на натпревар на гости имаат 60% шанси да бидат поразени. Сопствениците на клубови без разлика колку пари инвестираа, не можеа да го решат проблемот со далечните гостувања. Сега Најк ќе им помогне, и тоа за многу пари.

Лаптопот на ИСИС

Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.

Дали брендовите треба да кажат нешто на 9/11

Во прашање е која било трагедија, а за брендовите е природно да пробаат да се вклучат во џагорот околу кој било важен ден. Конкретно случајов е за 11-ти септември и судирот е меѓу некои од најголемите брендови и сопственик на студио за графички дизајн. Пораката е - во ред е да го заборавите 11-ти септември.

Зошто повеќе луѓе треба да ги видат видеата со обезглавување

На страна се што може да се каже за ужасот на самата помисла да му ја отсечеш главата на човек, добар дел од ужасувањето на Американците од овие случаи се должи на тоа што како нација ретко имаат шанса да видат американски жртви на војната.

Кој ги измисли генерациите

Историски, генерациите се бројат семејно, по биолошка основа (и генерално од машка страна): дедовци, синови, внуци и.тн. Ова е сè до 19-ти век, кога еден лексикограф ја воведува дефиницијата за генерација како "сите луѓе што живеат во горе-долу исто време."

Што не кажа Обама

Во изминатиот четвртина век секој американски претседател излегол на телевизија во најгледаниот термин за да и каже на нацијата и на светот дека ќе го бомбардира Ирак. Вчера редот беше на Обама.

Ова е Виндоус 9

И до сега имаше скриншотови од следниот Виндоус, меѓутоа ова е прв пат да добиеме поблизок поглед на тоа како во иднина ќе биде променето работењето на декстоп компјутерите.

Дупката во историјата за 11-ти септември

Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.

Капа долу за Џорџ Клуни

Меѓу другото, познатиот актер добива фини пари снимајќи реклами за Неспресо. Неодамна откри и на што ги троши хонораrите добиени од кафеџиите.

Објавени 5 милиони лозинки од Гмаил

На руски форум се појави листа со 5 милиони лозинки за Гмаил и Јандекс сметки. Во времето на објавување околу 60% од нив се уште беа валидни. Иако има начин како да проверите дали сте хакнати, препораката е за секој случај да го смените пасвордот што сега го користите.

Сакате кола за сите пари?

Ѕирнете го Кадилак концептот на Лексани. Ентериерот ќе доаѓа позлатен ама ќе имало и варијанта со посељачка тоест нормална глазура. Ќе го купи ли ова некој од бахатите македонски тајкуни за да може безбедно преку прозор да моча по овдешниот лумпен пролетаријат?

Зошто вашата кујна од Икеа не личи на онаа од Икеа?

Затоа што три четвртини од фотографиите на нивните производи не се вистински предмети.

Купи паркинг, купи стан

Нова зграда во Њујорк (од скапите) доаѓа со вкупно 10 подземни паркинг места, по цена за метар квадратен поскапа отколку метар квадратен во становите што ги продава. Се на се, 1 паркинг место = 1 милион долари.

На Чесите и Словаците подобро им беше заедно

На неколку дена пред шкотскиот референдум за одделување од Британија, поранешниот чешки амбасадор во Лондон има две работи да каже - од распадот на Чехословачка во 1993-та изгубени се многу години, и Шкотите не треба да ја прават истата грешка.

Епл, телефони, часовник и останати клучни точки од вчера

Како што е редот во последните неколку години, Епл во септември ја одржа годишната конвенција на која презентираше се ново што има сработено и што очекува вие да го купите во следната година. Без многу објаснување, ова се главните точки.

Приказната за Пинк Пантерите

2012-та уапсен е еден од лидерите на Пинк Пантери, сите веруваат дека ова е клучен удар на групата. Две години подоцна, излегува дека тие сето ова време го користеле само за тренирање нови регрути.