Дефиницијата за генерација и како таа еволуира, во 1979-та jа разгледува историчарот Роберт Вол.
"Прогресот може да се следи низ речниците. На почетокот од 19-от век терминот 'генерација' првенствено се употребува за да се означи врската меѓу татковците и нивните синови или современиците. Францускиот лексикограф Емил Литре ја дефинира генерацијата во 1863-та како 'сите луѓе кои живеат во горе-долу исто време.' Во втората половина од 19-от век терминот се повеќе се користи за означување на луѓе со слична возраст, посебно за нагласување на дистинкцијата меѓу постарите генерации и 'младите,'" пишува Вол.
Целата идеја за општествени генерации им станува посебно интересна на младите интелектуалци кои живеат во европските градови на почетокот од 20-от век, претежно за да објаснат како тие, генерацијата во подем, го тера општеството напред.
Резултат на ова е што повеќе луѓе го имаат луксузот за дополнителна животна фаза меѓу детството и зрелото доба. Овие млади луѓе имаат сопствена политика. Карл Мајнхајм објаснува: "Младите кои ги доживуваат истите конкретни историски проблеми, може да се каже дека се од иста генерација." Проблемот со ваквото групирање го забележува и Мајнхајм, кој се дополнува дека работите стануваат покомпликувани ако имаш предвид дека луѓето не реагираат на конкретен историски проблем како монолитна група.
"Најчесто во ова е проблемот и кај текстовите (на темата), кога ќе почнат да припишуваат една можна реакција на целата група.
Во смисла дека 'генерација' е добар начин за организирање на мислите околу поголема група на луѓе, можеби целата работа е едноставна до ниво: овие се луѓето со кои ги споделуваш своите проблеми. Некои од нив можеби ќе имаат решенија кои и на тебе ќе ти завршат работа. Ама па може да има и некои што се родени 'горе-долу' во исто време како и ти," објаснува Сара Лашков во Атлантик.