Како функционира ИСИС

Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.

Организација
Според запленетите документи ИСИС има детална структура која ги регулира сите функции и надлежности на териториите што ги контролираат.

Хиерархиски:
- Највисока позиција има самопрогласениот калиф - Абу Бакр ал-Багдади.

- Под него е советот, составен од советници кои имаат директен контакт со Багдади, плус тие решаваат за религиозни прашања, наредуваат егзекуции и се грижат сите политики да одговараат на доктрината на ИСИС.

- Кабинет, кој функционира како мини влада со надлежност за прашања како финансии, безбедност, медиуми, затвореници и регрутирање.

- Локални лидери, од кој најголемиот дел се поранешни офицери од армијата на Садам, и во основа се нешто како кметови, секој задолжен за својот регион.

Територија
Летово во Сирија успеаа да вратат дел од територијата што ја изгубија од други бунтовнички групи, притоа освојувајќи и неколку владини воени бази. Меѓутоа и понатаму имаат проблеми на границата меѓу Сирија и Ирак.

Во Ирак, по првиот напредок, тие налетаа на проблеми откако Американците се вклучија во судирот, па сега ирачката армија и Курдите успеаа да ја освојат раната Мосул и градот Амерли.

Финансирање
Од продажба на нафта од рафинериите што се под нивна контрола, ИСИС заработува меѓу 1 и 2 милиони долари на ден. Процената е дека само во Ирак тие произведуваат меѓу 25 и 40 илјади барели нафта на ден.

Власт
Кога ИСИС освојува град прво тие се осигуруваат дека ќе функционираат неколку основни сервиси, и воведуваат владеење на својата верзија на Исламот - затворање на сите продавници за време на молитви, покривање на жените, јавни егзекуции и ампутации. Плус во секој град се рушат туѓите религиозни објекти и забрането е масовно собирање.

Војска
ЦИА верува дека ИСИС во Ирак и Сирија има меѓу 20 и 31 илјада џихадисти, од кои околу 15.000 се регрути од странство. Најголем дел од гурбетџиите доаѓаат од соседните муслимански држави.

Оружје
Во последната година најголем дел од оружјето на џихадистите доаѓа од освоените воени бази во Сирија и во Ирак. Плус тие успеаа да запленат и неколку пратки кои беа наменети за умерените бунтовнички групи во Сирија.

18 септември 2014 - 10:03