"Сакаме јасно да ставиме на знаење дека терористите не зборуваат во име на Исламот. Јас сум Евреин кога синагогите се нападнати. Јас сум христијанин кога христијаните се прогонувани како во Ирак. И сум муслиман кога се фрлаат бомби на нивните места за молитва," изјавил претседателот на Централниот муслимански совет (во Германија), Аиман Мазјек.
Протестите ги организираат сите муслимански групи од земјата, а се последица на сето она што се случува во моментов со ИСИС, и се поголемиот број германски муслимани кои завршуваат во војната во Сирија и Ирак.
На прес-конференцијата, тие ги осудуваат и проблемите што ги имаат и на локално ниво кога одредени луѓе се обидуваат да им протуркаат екстремен Ислам меѓу верниците. За нив неодамнешната одлука на група муслимани од Вупертал да се организираат во "шеријатска полиција" и да почнат со патроли низ градот е "изопачување на името на Исламот."
Во протестите ќе учествуваат 2.000 градови, вклучително Берлин, Хамбург, Штутгарт, Франкфурт, Келн и Минхен. На собирањето во Хамбург ќе учествува и германскиот министер за внатрешни работи.