Пентагон и проблемот со броење недвижности

Пентагон низ САД и остатокот од светот, поседува околу половина милион најразлични имоти кои заедно се протегаат на околу 121.400 километри квадратни. Половина од нив не знаат за што им служат.

Ова е заклучокот на официјалната ревизија на имотот на Пентагон, кој излегло дека вреди околу 800 милијарди долари.

Во 1997-ма, официјалната канцеларија на администрацијата за ревизии заклучува дека Пентагон има премногу недвижности и дека едноставно треба да ги продаде и така да заштеди милијарди.

Проблемот со "едноставното" е што Пентагон баш и не знае кои се' згради ги поседува, како ги користи и што воопшто се случува во нив.

Армијата има развиено сопствен софтвер на кој му ја давате адресата на земјиштето и објектот што ве интересира и истиот се споредува со главната база на Пентагон. Кога ревизорите одлучиле да направат проверка, армијата побарала да им кажат за која точно локација се заинтересирани. Ја внеле локацијата во софтверот и ја споредиле со базата. Само за оваа една локација биле откриени 45.000 недоследности.

"Сега помножи го ова со половина милион адреси и ќе ти стане јасно колку е збунет Пентагон," пишува сајтот Риал Клиар Дифенс.

Во дополнителната анализа на армиската база за недвижности се покажало дека службените лица извршиле проверка на објектите во годините 0012-та, 1776-та, 2201-ва и 3013-та. Од армијата ветиле дека ќе ја поправат грешката.

Слични проблеми како армијата имаат и морнарицата и авијацијата, каде што ревизијата открила напуштени згради кои во официјалните книги се водат како објекти што уште се користат. Кај нив биле регистрирани и повеќе објекти што до темел ги демолирале без за тоа ништо да не му спомнат на Пентагон.

16 септември 2014 - 10:07