Дејвид Пирс од Верџ прво нешто за што зборува е големината на Ајфон 6: "Сите корисниците на Ајфон 5 на кои им дадов да го видат новиот телефон си помислија дека ова е 6 плус. Од друга страна ниту еден корисник на Андроид не беше збунет, сите велеа 'ова изгледа како мојот телефон.'"
Во однос на дизајнот, 6-та е многу "попријателска и далеку по употреблива," (во споредба со 5С). Единствено забелешката е на антената, која едноставно е - "лошо решена, како некој со маркер да цртал на мојот телефон. Без разлика колку е тенок и убав, овој Ајфон моли да му ставите футрола." Во однос на екранот, телефонот е непотребно висок и тоа само затоа што Епл одбива да го тргне долното копче на уредот.
Екранот е 4,7 инчи, со 1334 х 750 пиксели, "не е на ниво на квалитет на Галакси Ноут 4, ама е екстремно добар екран." Одличен е по основа на: репродукција на боја од секој агол и може да се гледа и на силна светлина. Главната забелешка околу големиот екран е што Епл не нуди апликации кои ќе ја искористат и следат површината што им е на располагање (барем за сега).
Батеријата е едно од најпријатните изненадувања, и тоа по основа на: проблемите што ги имаше Ајфон 5С, затоа што сега треба да напојува појак процесор и поголем екран. На сето ова, таа држи околу ден и пол.
Ова е првиот Ајфон што има НФЦ систем, меѓутоа проблемот е што тој е ограничен само на Епл Пеј услугата што ја промовираа годинава.
Камерата на 6-та по пиксели не е мрдната од онаа што ја имаше на 5С (8 мегапиксели), меѓутоа сега доаѓа со сосема нов сензор и еден куп технологија (стабилизации, панорами, фокусирање...), кои го прават функционирањето и фотографиите подобри од кој било друг Ајфон до сега. Посебен напредок има во квалитетот на снимените видеа, на кои сега има е додадена и опцијата за забавена снимка (до 240 кадри во секунда).
"Тоа е приказната за Ајфон 6. Епл ја искористи оваа шанса за да надгради речиси се' на уредот, од ВиФи-то до ЛТЕ, до начинот на изработка до и онака феноменалната камера. И бидејќи има доволно голем екран, ама се уште добро функционира во една рака и добро легнува во џеб, ова е уредот што речиси секој купувач на телефон на планетава барем ќе го има предвид. Ајфон 6 е без ниту еден очигледен проблем или недостаток - ова ќе биде голем хит. И јас ќе купам еден.
Сепак тука нема ништо амбициозно, нема некоја голема визија за иднината или нов начин на кој ќе ја живееме сегашноста. Епл нема подобри идеи како да го искористи поголемиот простор на екранот, или како да им помогне на корисниците да навигираат на поголемиот уред. Не е на пат да понуди нов вид на компјутер за се', како што тоа може да се случи со Ајфон 6 плус. Најновиот Ајфон можеше да биде шанса за Епл суштински да преиспита каков треба да биде хардверот на еден смартфон, ама Епл само направи поголем Ајфон. Затоа што луѓето го сакаа тоа.
Од различни причини, од камерата до иОС екосистемот до самиот хардвер, Ајфон 6 е еден од најдобрите смартфони на пазарот. Можеби дури и најдобриот. Меѓутоа тој се уште е Ајфон. Истата работа што Епл ја прави веќе 7 години. Фантастично добар Ајфон, ама пак само Ајфон," ја завршува Дејвид Пирс својата рецензија.
Оценка 9.0 (од можни 10).
Ајфон 6
Ајфон 6 Плус