Годинава Епл има два модела на Ајфон, еден многу голем што многу им се продава, и еден голем што претерано многу им се продава. Проблемот им е што можеа да направат уште многу повеќе пари, ако стигнеа да произведат многу повеќе уреди.
Како што малку се стишуваат работите околу новиот Ајфон, така луѓето почнуваат да сфаќаат дека годинава Епл тивко и многу суптилно успеа да го поскапи новиот модел.
Вчера низ светот почна продажбата на двата нови Ајфони, кои кај нас би требало да стигнат некаде околу Нова година. За до тогаш, еве го упатството на Вајард, дали треба да го купите 6-та (или плусот).
После години со наслови и рецензии од типот нечовечки и апсурдно големи телефони (за Ноут на Самсунг), годинава Верџ (како и добар дел од досегашните корисници на Ајфон) инстантно легна на брашно во моментот кога Епл објави дека новиот Ајфон ќе има нечовечки големи димензии. Ова на страна, еве ја една од првите рецензии за 6-та.