Епл пак со Епл проблеми

Годинава Епл има два модела на Ајфон, еден многу голем што многу им се продава, и еден голем што претерано многу им се продава. Проблемот им е што можеа да направат уште многу повеќе пари, ако стигнеа да произведат многу повеќе уреди.

Моментално залихата на Ајфон 6 и 6 плус, е на околу 56%, и е за 2% помала од нивото од 20-ти ноември. Ова значи дека Епл пропушта околу 44% од продажбите што би можел да ги направи во САД.

Според аналитичарот на компанијата Пајпер Џефри, Џин Мунстер заради стабилизирање на понудата и побарувачката се очекува дека во првите 3 месеци од 2015-та ќе се стабилизира и продажбата на Епл, што ќе значи и добри бројки од продажба заради сите купувања на Ајфонот кои биле одложени. Неговите очекувања се дека во овој период продажбата ќе биде 3 до 5 проценти над очекуваните резултати.

Во ноември на он-лајн нарачките од Епл за испорака се чекаше околу 10 дена за Ајфон 6, и три до четири недели за Ајфон 6 плус нарачан на интернет.

Проценката на Мунстер е дека Епл за последниот квартал од годинава очекува приходи меѓу 63,5 и 66,5 милијарди долари, и затоа Епл што не може да постигне да произведе доволно телефони тој не очекува дека компанијата ќе ги надмине неговите предвидувања.

Она што според него е олеснителна околност е тоа дека ако некој сака Ајфон што моментално го нема во продавница, тој нема да отиде и да купи Андроид, туку ќе чека да додека Ајфонот не дојде на залиха.

15 декември 2014 - 17:18