Годинава Епл има два модела на Ајфон, еден многу голем што многу им се продава, и еден голем што претерано многу им се продава. Проблемот им е што можеа да направат уште многу повеќе пари, ако стигнеа да произведат многу повеќе уреди.
Како што малку се стишуваат работите околу новиот Ајфон, така луѓето почнуваат да сфаќаат дека годинава Епл тивко и многу суптилно успеа да го поскапи новиот модел.
Нешто што денес е нов производ ќе дојде и ќе пројде, а после него на ѓубриштето на историјата ќе останат нему посветените критики и коментари. Најдобар начин да се овековечат - да се преточат во еротска поезија. Која на моменти се граничи со метафизика.
Како што е редот, секоја година фановите на Епл на 2 - 3 дена пред премиерата на телефонот почнуваат да се редат пред продавниците. Годинава (барем во Њујорк) редовите беа преплавени од Кинези, претежно луѓе во години, секој купуваше по 2 телефона и секој плаќаше во готовина.
Вчера низ светот почна продажбата на двата нови Ајфони, кои кај нас би требало да стигнат некаде околу Нова година. За до тогаш, еве го упатството на Вајард, дали треба да го купите 6-та (или плусот).
Како би изгледало кога Епл всушност би послушал што бараат од нив купувачите. На пример, апгрејд на Епл Мапс во Гугл Мапс, или полнење преку старите кабли од Ајфон. И еве што друго:
После години со наслови и рецензии од типот нечовечки и апсурдно големи телефони (за Ноут на Самсунг), годинава Верџ (како и добар дел од досегашните корисници на Ајфон) инстантно легна на брашно во моментот кога Епл објави дека новиот Ајфон ќе има нечовечки големи димензии. Ова на страна, еве ја една од првите рецензии за 6-та.
Едно клучно прашање од човеков - кој ви рече дека сакаме поголем телефон? А по пат ќе ги закачи и за еден куп други работи, плус има и за АјВоч неколку прашања.
Како што е редот во последните неколку години, Епл во септември ја одржа годишната конвенција на која презентираше се ново што има сработено и што очекува вие да го купите во следната година. Без многу објаснување, ова се главните точки.
Епл во изминативе неколку години успеа да го претвори август од спокоен месец, во месец на лов на "најновата," "најексклузивната," "најреалната," фотографија од кој и да е модел на Ајфон што ќе го промовираат во септември.
По веќе зацртаната патека на еволуцијата на Ајфон, после секој "S" модел следува нов број. Па така сега на ред најверојатно ќе дојде 6-та. Секако никој нема поим како тој ќе изгледа. Ама има желби.