„Ова ти е телефон, или си среќен што ме гледаш?"

Eротска поезија од критики за Ајфон 6

Нешто што денес е нов производ ќе дојде и ќе пројде, а после него на ѓубриштето на историјата ќе останат нему посветените критики и коментари. Најдобар начин да се овековечат - да се преточат во еротска поезија. Која на моменти се граничи со метафизика.

Добри страни: големина, заоблени рабови, издржливост. Маана: си бара малку навика. Совет: навлака.

Запознајте го новиот ѕвер,
кој им го возвраќа ударот на конкурентите
Поприродно лежи на рака,
неговите заоблени рабови
ја насочуваат и искривуваат светлината на привлечен начин
Навистина големи раце,
без оглед колку ти се големи ракавиците.
Фино е да го држиш и да го чувствуваш таков убав и солиден - моето најсакано чувство.
Си бара малку навика,
сепак е голем.
Поголем. Поголем. Поголем.
Веројатно најважното - нуди поголема издржливост
Веднаш сакав да го ставам во навлака заради безбедност.
Два кратки клика,
брз како и секогаш.

Седам на каучот.
Го вадам телефонот да видам спортски резултати,
Сè е подобро, но ништо не е различно
Тука нема ништо навистина амбициозно,
никаква голема визија за иднината
или нов начин на живеење на сегашноста.
Искрено,
малку ми е тешко
и тоа е фрустрирачко.
Но барем го знам ова:
имам навистина големи раце.
Прилично впечатлива работа,
се надевам нештата ќе тргнат на подобро.
Големината на твоите раце, и на твојата толеранција,
маката да ги досегнеш крајчињата.
Но сигурен сум дека некогаш ќе се случи.
Големите нешта имаат огромни почетоци.
Јас имам навистина големи раце,
на сите нас ќе ни требаат големи раце. 

24 септември 2014 - 08:29