Зошто повеќе луѓе треба да ги видат видеата со обезглавување

На страна се што може да се каже за ужасот на самата помисла да му ја отсечеш главата на човек, добар дел од ужасувањето на Американците од овие случаи се должи на тоа што како нација ретко имаат шанса да видат американски жртви на војната.

За медиумите едно од последните табуа е објавувањето фотографии и видеа на ранети или мртви Американци во воените зони, и покрај тоа што во војните до сега загинаа над 5.000 американски војници (тука не се вклучени платеници, новинари и сл.) а над 50.000 се ранети.

На самите новинари и фотографи кои се дел од единиците на теренот, им е забрането да фотографираат мртви војници, а до 2009-та беше забрането и фотографирање на ковчезите покриени со знамиња. Зад ова има разбирливо алиби, дека таквите фотографии би ја намалиле и онака слабата поддршка за војната, нешто што Американците го учат во Виетнам.

Заради сето ова, последиците од војната во САД се прикажуваат на подзатскриен начин со снимки од враќањето на ковчезите со телата во родниот град на загинатиот војник, како неговите соседи му одаваат почит и предавањето на знамето на вдовицата.

Проблемот е што ваквата пракса е многу веројатно дека ги направила Американците поранливи кога ќе видат мртов сограѓанин. Така, двете катастрофални инвазии на Фалуџа беа предизвикани од фотографиите од мртви американски платеници кои висат од мостовите во градот.

"Во случајот со ИСИС, дел од гневот е објаснет од перверзната гордост што убијците ја наоѓаат во споделување на доказите за своите дела. Ама тука сме на лизгав терен, бидејќи и ние имаме наш злокобен механизам за емитување на смртта на нашите наводни непријатели - главната команда неодамна почна да твита линкови со видеа од воздушните напади во Ирак. Како што тоа детално го забележаа групите за човекови права, голем број на цивили се убиени од американските дронови. Голем број Американци ги изгледаа видеата и си помислија 'Ги столчивме негативците, одлична работа.' Колку Ирачани, Авганистанци, Пакистанци и Јеменци ги изгледаа истите видеа и се потсетија себе си на жените и децата што беа убиени, и се помислија 'Какви дивјаци'?

На крајот, има чуден пресврт: наместо да не' оттурнуваат од војната, што е стравот на генералите од Виетнам, сликите од Американските жртви сега не' туркаат во самиот вртлог. Дали ако изгледаме повеќе слики ќе ни помогне? Наместо разумна дискусија, може ли тоа да создаде повеќе повици за одмазда? Или може ли да се случи да дојде до индиферентност, како што во 2002-ра предупреди Сузан Сонтаг во нејзиниот есеј во Њујоркер 'Looking at War?' Би сакал да не требаше да ги поставуваме овие прашања и би сакал да ја немавме одговорноста длабоко да погледнеме и да размислиме. Ама мораме ако сакаме да ја разбереме изопаченоста на војната, и, се надевам, да ја решиме," пишува новинарот Петер Мас.

12 септември 2014 - 14:13