Фабрика за знамиња во Иран доаѓа до генерациски добитна идеја и воведува клучна промена во бизнис планот во оптек да пушти сосема нов производ - знамиња за палење.
ХПВ16 и 18, најризичните канцерогени типови на човечкиот папиломавирус се речиси елиминирани меѓу младите жени во Англија, благодарејќи на успешната масовна вакцинација преку школите. Во вакцинацијата се вклучени двата пола.
Експеримент на Мајкрософт Јапонија кој меѓу другото вклучуваше работење 4 дена во неделата покажа сериознио добри резултати. Не само што работниците се позадоволни туку и продуктивноста била зголемена за речќиси 40%.
Разговорот околу фудбал и општо спорт на работно место ги исклучува жените и доведува до машко однесување како муабетење за сексуални успеси, па заради тоа истиот треба да биде укинат.
Во процедура која е стандардно резервирана за стероиди и нови допинг суплементи, World Athletics (поранешна ИААФ) спроведе истрага дали користењето на Најк Вејпорфлај патиките е исто што и мамење, и како резултат на тоа се очекува да ги промени правилата.
Нашата просечна телесна температура изгледа веќе не е 37 целзиусови степени. Во однос на луѓето од пред 160 години, денес сме некако покул. Ама само под мишка.
На Флорида периодов и се случи студен бран како од најкошмарните апокалиптични филмови и температурата на два дена падна под 5 степени Целзиусови (не минус, туку само беше 5 степени). На овие студови милионската популација на игуани почна да паѓа во кататонична состојба, што резултираше со речиси инстантно отворање на подзаборавените рецепти за готвење игуана.
Феноменот е познат уште од кралицата Марија Антоанета, а опеан уште од кралот Мухарем Сербезовски. Луѓе од Харвард успеале да го сфатат процесот а можната еволутивна причина зошто е тоа така, ќе им се бендиса на оние со сребро во косите.
Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.
Пивото не е само доказ дека Господ нè сака и сака да бидеме среќни. Пивото е и „животно за емотивна поддршка“. Така ги регистрирал своите пива еден Американец и тоа го сторил со една многу разумна, тоест трезвена причина. Со „животно за емотивна поддршка“ те пуштаат и онаму каде што забрануваат влез за обични животни.
45-годишен педофил, кој не може да изгледа повеќе како педофил и да сака, пред суд изјавува дека не е педофил затоа што се идентификувал како 8-годишно девојче, па затоа и не се страшни делата што ги правел.
Она што кај нас е газење кој прв слушнал за Хатиџе, во САД последниве години во ова време е газење колку се и колку не се застапени малцинствата во номинациите за Оскар, и колку тоа треба да се промени или не. И Оскарите за сега немаат проблем со галама се додека има галама.
Во скоро време тоа ќе биде ИКЕА Виена, која почна да се гради во поширокиот центар на градот во близина на Западната железничка станица, каде нема да може да ги распостеле своите по недоглед препознатливи паркинзи.
Американците повеќе им веруваат на Амазон и на Гугл отколку на својата влада, полицијата, наставниците и науката. Кој не верува, нека провери на Гугл или нека го нарача истражувањето на Амазон.
Нова студија тврди дека сите луѓе имаат тенденција да бидат најнесреќни во ист од момент од животот, на 47 години. Истото од студијата го потврдуваат и луѓе што се на 47 години.
Научници анализираат 10 години во здравствени статистики и како општествените и економските фактори доведуваат до здравствени проблеми на стари години. Излегло дека немањето пари оболува.
Вселенски сили се новиот огранок во вооружените сили на САД (покрај пешадија, авијација и морнарица) и како такви тие сакаат да ги имаат сите протоколарни обележја како и другите родови, макар тоа значело и „официјална благословена библија на вселенските сили“.
Кругови во Холивуд се ужаснаа од проуениот писател на хорори и неговото мислење за тоа кому треба да му се даваат Оскари. Што е тоа толку контроверзно и шокантно што го рекол Стивен Кинг? Дека критериум треба да биде квалитетот а не диверзитетот.
За да покаже дека има осет за проблемите што моментално го преокупираат човештвото, италијански Вог го пушти своето најзелено издание до сега, за чие составување се потрошени најмалку можни ресурси.
Иако не може да постои нешто што се вика така (види: „Ако е од бадем не може да е млеко“) тоа чудо сè повеќе и повеќе се троши како лудо. „Кога ги пуштаме пчелите меѓу бадеми, како да ги праќаме во војна,“ вели еден американски пчелар обелоденувајќи ја смртоносната опсесија зад опсесијата со бадемите.
Скорсезе потроши милиони од парите на Нетфликс за софтверско подмладување на неговата звучна актерска ергела во последниот филм, за да ги долови во различни делови од нивните биографии. Нам не ни пречеше но некои не беа најзадоволни од резултатот. Јутјубер седнал и со слободен софтвер за недела дена видливо го поправил она што овие големите го забрљале.
По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни, богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница.