Во радарот на болниците во Масачусетс, педијатрискиот инфламаторен синдром влегол од пред еден месец. Симптомите се постојана висока температура и треска, воспаленија и пореметување на функционирањето на низа органи. Првичните извештаи јавуваа и за синдром на токсични шокови и цитокински бури.
Првите случаи биле детектирани во Европа а според досегашните информации, реткото и непознато заболување се јавува месец и пол по изложеноста на детето на коронавирус.
Компликациите знаат да доведат и до кавасаки синдромот, кој претставува воспаление на крвните садови, влијае врз очите и кожата и може да заврши фатално.
Третманите кои се базираат на разретчување на крвта даваат добри резултати.
„До сега, повеќето деца минаа добро. Терапијата вклучува антикоагулатори, имуноглобулин, блокатори и кортикостероиди,“ вели доктор Мери Бет Сон.
Од засега необјаснети причини ковид-19 ги поштедуваше децата. Просечната возраст на заболен во Масачусетс е 53 години, просекот на хосчитализирани е 68 а просечна возраст на смртните случаи 82 години.