Од сите можни компликации кои може да ги донесе болеста ковид-19 предизвикана од новиот коронавирус, нај за плашење е цитокинската бура. Тоа е кога имунолошкиот систем употребува - што би се рекло со полициски жаргон - непропорционално голема сила, и го преплавува организмот со свои војници кои на крајот го загушуваат неговото функционирање
Таквата олуја знае да се случи при алергии, лупус, целијачна болест и најново, кај ковид-19 и тоа толку често кај пациентите со изразени симптоми, што во моментов е предмет на посебни истражувања.
На оние несреќници на кои им се случува, телото и особено белите дробови им се преполнуваат со цитокини, молекули од домашниот одбрамбен систем систем кој е алармиран и мобилизиран во борба против странскиот непријател.
Салон има интересен муабет со човек кој преживеал ковид-19 со пневмонија и цитокинска бура. Пулмолог е па му било јасно што се случува со него. Откако насетил дека симптомите што ги има не се обичен грип, отишол во болница и се тестирал. Резултатите му биле драматично лоши: Еритроцити во нормала се меѓу 4,5 и 10, кај него биле 2.000. Лимфоцитите му биле паднати на 200 (нормално е 1.000-1.500)., слаби му биле и тромбоцитите а оние клетки кои први се борат со рани инфекции и кои човек обично ги нема или ги има околу 5-10%, кај него биле 20%.
Бил среќен што побарал професионална помош иако од оние кои го лечеле, било јасно дека и тие не многу знаат што прават, бидејќи не постои верификувана терапија за болеста. На почетокот решиле да го третираат без медикаменти што се покажало како грешка бидејќи болеста фатила замав а симптомите станале жестоки - висока температура, грозница, силна и нередовна болка во грлото, сува кашлица и „свирење“ на градите....
Го ставиле на фамозниот хидроксихлорокин, на еден инхибитор за да се адресира цитокичниот проблем, на ХИВ терапија... и состојбата почнала да се нормализира а симптомите да слабеат.
Но, во неговиот случај интересно е што белодрбоната бура се случила во невообичаен фаза на болеста, дури откако спуштил температура (обично се случува во акутниот шпиц). Немал температура но чувствувал дека „одвнатре врие.“ И нему и на лекарите им станало што се случува во неговиот организам кога почнал да плука црн секрет, што се всушност некротични (мртви) делови од белите дробови.
Неговата приказна е хепиенд, пулмологот успеал да куртули и од вирусот и од сопствениот имунолошки систем .И вика „фала му на бога што не завршив на респиратор“ додавајќи прилог во сè погласните контроверзи околу апаратите кои на почетокот на кризата ги сметавме за спасоносни.