По американските просеци со 2 часа гледање Нетфликс (просечното дневно време на користење), корисникот на ден гледа 36 минути помалку реклами. Ова собрано на годишно ниво достигнува 219 часови.
Бројката од 2 часа на ден е пред ковид-19 времето, па процената е дека во изминативе месеци просекот е дополнително зголемен.
Немањето паузи за реклами е една од најчестите причини што корисниците на Нетфликс ја наведуваат за тоа зошто го имаат избрано сервисот. Ова е разбирливо и ако се има предвид бројот на реклами што моментално се врти по телевизиите.
Статистиките на американските телевизии се дека на 42 минути програма има 18 минути реклами. Просечниот Американец минува по 4 часа на ден во гледање телевизија.