Повикувајќи се на студија изведена во болницата Сан Рафаеле, доктор Зангрило објаснува дека не само што бројот на заразени драстично паднал меѓу март и мај туку и дека новозаразените пациенти имаат далеку полесни симптоми отколку оние во шпицот на болеста.
„Во клиничка смисла, коронавирусот веќе не постои во Италија и подготвен сум да го вложам моето име во ова тврдење,“ вели Зангрило, кој долги години беше личен лекар на Силвио Берлускони.
Биле анализирани 200 примероци на вирални материјали од сегашни и некогашни пациенти и било утврдено дека во меѓувреме, вирусот значајно има ослабено. И други доктори од болницата го потврдуваат ова, велејќи дека силината на вирусот од пред два месеца не е иста со силината на вирусот денес.
„Мораме повторно да станеме нормална земја, некој треба да сноси одговорност што ја тероризира Италија,“ смета Зангрило.
Властите кои почнаа со олабавување на мерките но крајно претпазливо, сметаат дека вакви изјави можат да внесат само забуни во јавноста.