Живот и забава

Пудра за бебиња, по можност без азбест

Џонсон и Џонсон соочени со неколку тужби дека нивни производи им наштетиле на корисниците, одлучи дека сепак е најпаметно да ја повлечат пудрата за бебиња во која беа откриени траги на азбест.

Елон Маск нема динар во џеб

Истиот овој што треба да направи револуција кај автомобилите, истражувањето на вселената и искористувањето на Сонцето, самиот себе се прогласи за „финансиски неликвиден“.

Манчестер да биде одбранет од расистот... Ганди

По повод 150 годишнината од раѓањето, градскиот совет на Манчестер решава да постави споменик на Ганди. По повод тоа што сме 2019, можно е тоа да не се случи.

Зошто научници слушаат планина?

Се работи за една од славните планини на Алпите, меѓу Швајцарија и Италија, која во 2003-та сериозно изненади сè околу себе со една застрашувачка лавина од камења. Како и по секоја катастрофа, луѓе и сега решија да почнат да слушаат, само овој пат тоа е многу буквално.

Нарко-дилери не можат да го навјасаат Лондон со кокаин

Математиките се дека дневно Лондон троши повеќе кокаин од Барселона и Амстердам и Берлин, заедно, а тоа е многу.

Џонсон и Џонсон со казна од 8 милијарди долари, затоа што на маж му пораснале цицки

Тужителот завршил со потенцијални 8 милијарди долари (и цицки), а Џонсон и Џонсон со можност за жалба околу сумата.

Не постои ЛГБТ таблица на множење

Во последниото издание на Енциклопедија Британика има листа на сто најважни филозофи и мислители на сите времиња, од антиката до денес. Листата започнува со Херодот а завршува со Стивен Пинкер. Херодот е оправдано отсутен па затоа, муабет со вториов.  

Чекајте бе другари, ние кога ќе дојдеме на ред да бидеме трауматизирани?

Британски психијатар ја алармира јавноста дека во земјата веќе е регистриран еден случај на психоза предизвикана од нервоза околу брегзит и сè што се случува околу него.

На некого само што му стана 190 милиони пати помалку гајле за брегзит

Се работи за трансевропската лотарија, на која последниот џек-пот стигна до 190 милиони евра, и како за спомен и со среќа брегзитот се падна во Британија.

Кога кокаинот знае да спаси живот

Екипа нарко-шверцери имаат бродолом сред Пацификот во вода стандардно преполна ајкули, и приказнава стига до јавност само затоа што биле преполни со кокаин.

Саут парк (не) и се извини на Кина

Бандата имаше епизода критична кон Кина, па Кина за да докаже колку Саут парк не се во право за тоа што го зборат за земјата реши да ја забрани серијата во целата земја. Следни на ред беа Саут парк да наведнат глава.

Папата ќе укинува целибат за попови?

Како за црква која најголемите проблеми последниве децении ги имаше заради тоа што свештениците сами на себе си дозволиле да го прекршат целибатот и тоа главно со малолетни деца а.к.а педофилија, официјалното олабавување на целибатот не изгледа посебно радикално, ама е.

Гластонбери распродаден за 34 минути

За фестивалот во 2020 беа пуштени 135 илјади влезници, и за нешто повеќе од половина час не остана ни една.

Џинџер Бејкер ја удри завршната чинела

Џинџер Бејкер беше парадокс: парадигматичен рок тапанар кој инсистираше дека „никогаш не свирел рок“, предок на хеви-металот кој не можеше да го поднесе тој жанр и лондонец кој како никој друг на запад ги имаше впиено африканските ритмички стилови.

Нотр Дам се крсти во балвани од Гана?

Реставрацијата на опожарената француска катедрала најверојатно ќе миже да биде изведена со граѓа што треба да биде снабдена од обемната подводна шума на Гана.

Пластични цевки, или како ве убедија да мислите дека вие сте криви за загадувањето

Долгогодишната упорност со која што работат корпорациите (а и замореноста на јавноста од константниот бараж) успеа да убеди стотици милиони, инаку разумни, луѓе низ светот, дека големите проблеми на човештвото се предизвикани од нивниот личен избор, а не од алчните корпорации кои го корумпираат комплетното глобално законодавство со цел тие на крај да излезат чисти и без последици од масовниот помор што и го прават на планетава.

Еден бој-бенд е одговорен за 4,65 милијарди долари од јужнокорејскиот БДП

Се работи за мега-популарниот к-поп бенд БТС, кој со овие бројки има слична тежина за БДП-то на земјата како брендови од типот на Самсунг, Хјундаи и Киа.

Науката не мирува: Зошто не постојат троножни животни?

Дилемата се појавува по еден час по еволуција на Универзитетот Калифорнија, Дејвис, кога професорот бара од студентите да смислат „забранет фенотип“, животно или растение кое не постои или не може да постои.

Комшија што сече кочници

Едно е ми сметаат електрични скутери низ град и по тротоари, сосема друго е дај да ги оставам без кочници.

60 бисери од Мотаун

60 годишнината од своето постоње, легендарната издавачка куќа Мотаун ја одбележува и со објавување на 60 досега неслушнати песни на нивни музичари. Во колекцијата се песни на Стиви Вондер, Дајана Рос, Мартвин Геј, Темптејшнс, Џексон 5... Ги имаме од Спотифај, колку за тестери.

Ирски рибар улови па пушти 3 милиони евра

Поточно улови туна долга 2,4 метри (Тоше Гечевски е 2,1) што на пазарот се проценува дека слободно ќе можеше да ја замени за 3 милиони евра.

Браќа Руси, сè ли е во ред?

Од Калининград до Камчатка (па и понатаму) консумацијата на алкохол паднала за над 40%, и тоа не според руски бројки туку меѓународни од СЗО.

За месо што правиме?

Не дека не е убаво кога некој ќе поништи ерес од типот дека јадењето месо е причина за епидемијата на рак, ама народ толку се возбуди околу новава студија како па до сега да му се тресеа на секој залак месо.