Американските власти одлучија дека овие 6 стапки, главно оставени на совеста на граѓаните, се клучни за да продолжи економската активност во земјата.
Една од индустриите што ќе може без поголеми проблеми да ги спроведе овие мерки (на страна финансиските) е авио-превозот, каде целиот систем на чекирање во авион ќе треба да биде изменет за да се избегнат гужви, додека истовремено во оптек ќе биде сосема нов распоред за седење.
Релативно лесно (повторно, не и од финансиски аспект) ќе минат и рестораните кои ќе треба да го намалат капацитетот и да го изменат распоредот на седење за меѓу гостите да има оддалеченост од 1,8 метри.
Малку поинаку ќе биде во канцелариските средини, каде на секој вработен педантно му е пресметана квадратурата што му припаѓа за негово секојдневно функционирање, и таа во добар дел од случаите не подразбира оддалеченост од 1,8 метри.
Проблематично ќе биде и во продавниците во трговските центри каде посетителите не се ни најмалку фиксни за да може да се дистанцираат, а дополнителна мерка што се спомнува на пример за продавниците за облека е дека сите парчиња што ќе бидат пробани во соблекувална, ќе бидат ставени во 24-часовен карантин пред да бидат вратени на полица.