Околу половина од редовните плаќачи на Гардијан не се од Британија, а најголем раст во приливот има од Австралија, САД и Европа.
Во извештајот Гардијан скромно објавува дека компанијата „ги постигнала своите цели за финансиска одржливост втора година по ред“. Продолжувајќи вака матно, од Гардијан изјавуваат „ова значи дека кеш потребите можат да бидат покриени со очекуваниот долгорочен годишен поврат од 25-30 милиони фунти објавен од трустот Скот, организацијата која е сопственик на Гардијан и Опсервер“.
Инаку овие бројки се однесуваат на периодот до крајот на март годинава, што значи дека го покриваат воведувањето на изолација за коронавирус. Од крајот на март, Гардијан има преземено и мерки за намалување на трошоците за најмалку 10 милиони фунти, вклучувајќи и отпуштање на дел од не-редакцискиот персонал, додека истовремено се ревидираат дел од бизнисите што ги тера компанијата.
„Слабата состојба на он-лајн маркетингот значи дека зголемената публика не се претвори во финансиски успех, иако доведе до раст на донациите од читателите,“ порачуваат од Гардијан.
Ако се земат предвид и еднократните донации, бројот на луѓе кои го поддржале Гардијан изнесува 1,16 милиони. Целосните и детални бројки ќе бидат објавени јули годинава.