Градоначалничката на Париз објави дека дека вкупно 50 километри во улици стандардно користени од автомобили по ново ќе бидат резервирани за велоспиеди.
Дополнително, уште 30 улици во градот, главно околу училишта, ќе бидат направени „само за пешаци“.
Претходно повеќе париски предгадија објавија планови за создавање нови велосипедски патеки во обид да ја намалат гужвата на метро и автобуските линии до центарот на градот.
Градските власти се подготуваат и за враќањето на околу 20 до 25 проценти од жителите на градот, околу 2,2 милиони луѓе, за кои се верува дека за изолацијата „избегаа“ во своите викендици во внатрешноста на земјата.
Здравствените експерти уште од старт предупредуваат дека социјалното дистанцирање неопходно за спречување на нов наплив на пациенти со ковид-19, ќе биде тешко изводливо во големи градови, во кои луѓето зависат од јавниот превоз за секојдневно функционирање.
Освен улиците, франуцската влада на државно ниво пушти 20 милиони евра вредна програма за унапредување на возењето точак низ земјата, која вклучува и субвенции од 50 евра за поправка на велосипеди.
Претходно Милано се реши на сличен потег, да пренамени дел од градските улици во велосипедски патеки.