Чистиот воздух по ставањето на Европа под клуч спаси 11.000 човечки животи

Мерките и целата ситуација околу коронавирусот значително го подобрија квалитетот на воздухот во Европа, што пак ја подобри здравствената состојба на сите што страдаат од редовно загадениот воздух.

Намалувањето на загадувањето придонело и да има 6.000 деца помалку што развиле астма, 1.900 избегнале одење во брза помош, и 600 предвремени породувања помалку.

Иако на другата страна на кантарот се наоѓа ни најмалку пријатна статистика (220.000 починати од ковид-19 на светско ниво), авторите на извештајот објаснуваат дека овие бројки нудат редок увид во тоа како би изгледал светот кога би се почитувале препораките за намалување на загадувањето. и потврда за штетното влијание на секојдневното загадување врз човековото здравје.

Споредено со истиот период минатата година, нивото на азот диоксид е намалено за 40%, додека нивото на ПМ2,5 честичките е помало за 10%. Овие два типа на загадување годишно во Европа се одговорни за 470.000 смртни случаи.

Најголем број на избегнати смртни случаи има во Германија - 2.038, а останатите се:

30 април 2020 - 09:27