Поради ковид-19, останатото здравје е на пауза

Интересни податоци за тоа колку во време на пандемијата е намален волуменот на други медицински интервенции, Кога ќе ни се соберат колена за менување и очи за баждарење, нема да стигнеме да се конфигурираме ни до следното лето.

Болниците и другите медицински установи регуларно откажуваа незадолжителни медицински интервенции за капацитетите да бидат подготвени и фокусирани на главниот проблем кој ја предизвика пандемијата. Но, податоците наведуваат дека некои интервенции се покажале како понезадолжителни од други.

Волуменот на вкупните болнички услуги во САД годинава се има намалено за 33 проценти во однос на истиот период лани а податоците се извадени од 51 здравствен систем во земјата.

  • Голем пад има во лукративните и амбициозни зафати на рбетот(45%), ортопедијата (43%) и кардиологијата (35%).
  • Најголем пад има во побрзите, амбулантни интервенции како што е офталмологијата (50%) и дерматологијата (44%),.
  • Најмал пад има во процедурите за рак (18%), поради нивната неопходност.

Настрана просечниот пад, некои интервенции во рамките на една област имаат значителни падови. Во ортопедијата тоа се вештачките колена кои годинава се ставени 68% помалку од истиот период лани додека кај промена на колк е забележан пад од 52%.

 

19 мај 2020 - 21:36