Процентот е добиен во студија на италијанските психолози, кои ја прават анкетата откако забележуваат значителен раст на бројот на луѓе кои побарале помош „во обид да навигираат низ постојниот страв од вирусот, емоционалното влијание на физичкото дистанцирање и економскиот стрес“.
Психолозите уште на почетокот од карантинот забележуваат раст на анксиозноста и депресија поврзани со седењето дома. Сега иако дел од слободата на движење е вратена, голем број луѓе по свој избор решаваат да останат дома затоа што се чувствуваат побезбедно.
Како што првичниот страв од епидемијата почнува да се стабилизира и народ научува да живее со него, сега новиот психолошки притисок доаѓа од потенцијалната длабока рецесија која и се заканува на Италија.
„Постои закана за основните потреби на луѓето - тие остануваат без работа и без своите домови, грижејќи се како ќе ја обезбедат иднината на своите деца.
Тука не зборуваме за само-исполнување или духовни потреби, зборуваме за преживување,“ објаснува психологот од Анкона, Сара Реџинела.
Од почетокот на март, во Италија се самоубија 37 лица, а уште 25 се обидоа да извршат самоубиство. Националната федерација на медицински сестри потврди дека 4 медицински сестри извршиле самоубиство, според нив, заради претераниот стрес на работното место.
Последен пат во Италија е забележан раст на самоубиствата, посебно кај сопствениците на мали бизниси, во 2007 за време на глобалната финансиска криза. Во годините пред тоа стапката на самоубиства во земјата постојано опаѓаше.