Коронавирусот пак пркна откако Германија ги олабави рестрикциите

Втор ден по ред Германија бележи зголемена стапка на ширење на ковид-19, клучната метрика што Роберт Кох институтот ја користи за следење на вирусот.

Од 0,83 стапка на репродукција на вирусот во петокот (1 заразен ја пренесува инфекцијата на 0,83 лица), во саботата стапката изнесувала 1,1, а во неделата пораснала на 1,13.

Во средата, кога Меркел и премиерите на сојузните држави, објавија олеснување на мерките за социјално дистанцирање, стапката на пренесување беше 0,65. Тогаш таа порача дека ако градовите и населените места забележат раст од најмалку 50 нови случаи на 100.000 лица, тие ќе мораат одново да воведат мерки за изолација.

Понеделничките статистики за Германија се 169.575 потврдени случаи на заразени (1.275 повеќе отколку во петокот) од кои 19.732 лица се во болнички кревети во моментов, 7.414 умрени и 145.600 оздравени.

Овие бројки викендов ни најмалку не одвратија илјадници Германци да излезат на протести низ градовите во земјата против мерките за изолација, значително подгреани од лепеза теории на заговор од Гејтс, вакцините, чипување до 5Г и слично.

11 мај 2020 - 12:30