Миењето раце од 6 до 10 пати на ден значајно ги намалува шансите да бидете заразени со коронавирус, пренесува ББЦ.
Заклучокот е од една студија која допрва чека да биде рецензирана а се темели на податоци од други години, кога на терен истрчале вируси блиски на новиот коронавирус и соодветни прашалници пополнети од заболени лица.
Британските истражувачи установиле дека 1.663 учесници во анализата имале „much less likely“ шанси да заболат. Колку точно е тоа „much less likely“, не дознаваме во статијата.
Според истиот извор, миење раце повеќе од 10 пати на ден не го менува битно ризикот од зараза.
Миењето да трае најмалку 20 секунди останува важечки бенчмарк.