Само половина Германци се сигурни дека ќе се вакцинираат

Од двајца Германци, еден е сигурен дека ќе се вакцинира за ковид-19 кога ќе излеза вакцина за оваа болест. Секој петти е сигурен дека нема да се вакцинира. 

Германското општество е изразено поделено во поглед на вакцинирањето за ковид-19: 44% се за вакцинирање, 40% се против тоа.

Еден од двајца е сигурен дека ќе се вакцинира, уште еден од четворица вели дека веројатно ќе се вакцинира, но еден пет од 2.065 испитаници кои ЈуГов ги прашал во име на Германската прес агенција, бил сигурен дека ќе одбие да биде вакциниран.

Вакцина за ковид-19 уште не е на повидок. Во моментов се работи на преку 100 различни проекти кои се темелат на осум различни пристапи кон темата (види: Не кладете се дека ќе има вакцина).

Дури кога ќе ја има (ако ја има), се отвора жешкото прашање дали таа вакцина треба да е задолжителна или не. Германската влада уверува дека нема да наметнува обврска како што е за вакцината на сипаници која во март годинава стана задолжителна. 

Според германскиот закон за заштита од инфекции, задолжително вакцинирање не може да биде наметнато од федералната влада но таква одлука може да биде донесена само со заедничка одлука со властите од сојузната држава, за да се заштитат делови на популацијата. Граѓаните можат да бидат принудени само во специјални случаи, со голема претпазливост да не се крши членот два од германскиот основен закон кој вели дека „секој има право на живот и физички интегритет.“

Бројот на нови случаи на заразени во Германија  е во постојано опаѓање од воведувањето на рестриктивните мерки во март. Многу од тие мерки веќе се укинати а рестораните, баровите и другите објекти работат неколку недели. Германија особено ја мониторира стапката на репродукција (показател колку луѓе заразува еден заразен човек) која ја сметаат за особено важен бенчмарк. Во моментов таа стапка им е 1,04 иако знае да падне и под еден.

2 јуни 2020 - 15:50