Денешните млади сè помалку ги интересира секс, дроги и криминал. Веќе неколку децении наназад, младата популација сè поретко влегува во ризични активности. Но, ако не прават проблеми во опшптеството, не значи дека си немаат проблеми самите со себе.
Твитер до неодамна важеше за една од најгалантните компании во однос на вработените, со раскалашено трошење и никаква напнатост околу продуктивноста. Но, како и во секој комунизам, сметката сепак некој ќе треба да ја плати.
Ако сакате да го гледате својот омилен светски артист, наредната година тоа може да ве чини неколку стотици па и илјадници долари. За големите тоа не е проблем. Тeјлор Свифт за само 24 часа продала 2 милини влезници, викаат било полесно да се набави пиштол отколку карта за нејзин концерт.
Kонзервативниот активист Бен Шапиро и сопругата која е доктор се вакцинирале не затоа што биле во ризична група туку зашто верувале во тврдењето дека така ќе заштитaт други. „Не биди престрог кон себе“, го теши изумителот на мРНК вакцините, „само си паднал на една внимателно дизајнирана пропагандна стратегија“.
Легендарниот глумец почина во 1972 година, на 32 годишна возраст, од церебрален едем. Во тоа време се заклучи дека причина за смртта се двe некомпатибилни лекарства против болки кои Ли ги земал пред смртта. Сега излегува нова теорија.
Во новата транша скандалозни документи како функционирал Твитер (Маск рече: За жал, сите теории на заговор се покажаа како точни), се обелоденува како била оркестрирана дебатата за ковидот и пандемијата. Со дискредирање на сите кои отстапуваат од наративот. Притоа за сложени прашања како миокардитисот, решавале аутсорсинг подизведувачи од Филипини.
Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.
Бадијалџиски фанови на филмскиот божиќен класик „Сам дома“ долго време мозгааат како може едно скромно семејство како Мекалистер да си дозволи не само онолку голема куќа туку и патување за Париз за 8 члена. Одговорот цело време да ни бил пред нос.
Депресивните етапи, иако со различен интензитет и во различен број репризи, се периоди од кои никој не е поштеден. 30 до 50% од нас барем еднаш ги исполниле дијагностичките критериуми за депресија. Ако веќе страдањето е непроменлив дел од равенката, паметно е да се откажеме од идејата дека ќе го нема.
Расте бројот на Американците кои живеат сами, но истовремено се во брачна врска со некого. Така решиле, така им одговара. Причините можат да бидат разни но главни иницијатори за живеење одвоено се жените, што мажите ги потсетува на стихот „правих се речи увек касно сетим.“
Во Хајделберг правеле аутопсија на луѓе кои ненадејно починале од срце. Заедничко за сите е што претходно немале срцеви проблеми, и тоа што кратко пред смртта примиле мРНК вакцина против ковид.
Мртвото море со децении е систематски уништувано. Секоја година е пониско за еден метар, и во моментов неговата површина е само една третина од некогашната. Постојат решенија за спас, но со оглед на тоа што ништо не се презема, се чини дека решиле навистина да го умрат.
Пет децении од ремек-делото на Лу Рид, Трансформер, албум што е поактуелен од кога било. Остана запишан како еден од најзначајните придонеси на рокенролот кон општата култура, затоа што за првпат некој проговори за драмата на сексуалниот идентитет низ поезија.
Еден од неодамнешните крстозбори на Тајмс имаше почетна графика која неодоливо потсетува на најпознатиот нацистички симбол. За да биде симболиката поголема, крстозборот е објавен не првиот ден од големиот еврејски празник Ханука.
Американски сенатор пушти предлог закон чија главна намера е да се редефинира што точно се смета за „непристојна содржина“, а потоа и што да се прави со истата.
Во њујоршките пет-шопови повеќе нема да можат да се купат домашни миленичиња. Законодавците сакаат да стават крај на бизнисот со скапи животни, и наместо тоа, да го форсираат вдомувањето. Други сметаат дека со ваков закон само ќе се засили црната берза со миленичиња.
Штетниците се лоши за културите, како за човечките, така и за оние земјоделските. И логично, луѓето смислувале и смислуваат начини како да ги елиминираат створовите што им прават зулум. Видете на што сè може да се досети човек кога нешто му смета.
Нов Зеланд воведе нов закон според кој сите што се родени после 2008-ма, не сега туку никогаш во животот нема да смеат да купат цигари. Законот го следи амбициозниот план да се искорени пушењето на долг рок, но како што опаѓа продажбата на „аналогни“, расте продажбата на електронските цигари.
Помалку од 5 часа континуирано спиење навечер, значи не агрегирано преку цел ден, ги зголемува шансите за повеќе хронични здравствени проблеми, тврдат истражувачите кои испитувањето го прават кај луѓе на возраст над 50 години.
Неделава германските службите спроведоа рација во која уапсија 25 лица под обвинение дека подготвувале државен удар. Привлекоа внимание сознанијата дека не се баш класични терористи, туку припадници на кралство, а Би-би-си веднаш појде на гости кај кралот.
Ако со повремени дози вистина јавноста некогаш се имунизираше да не ги дознае границите на слободното новинарство, денеска стратегијата е карантин. За теми кои се неподобни веќе нема место во корпоративните медиуми. Како нападот на гасоводот стана интелектуална „зона на забранети летови“?
Малку се оние музичари кои можат да отворат албум со стихови како “Got a dick and two balls, that’s more than you all”. Уште помалку се оние кои можат тоа да го кажат а да звучат уверливо. За среќа, го имаме Иги Поп.
Планетава неодамна го дочека својот 8 милијардити жител. Лес Најт мисли дека не треба да постои ниеден. Се разбира дека веднаш се поставува прашањето зошто овој 75 годишен човек не тргне од личен пример да ја остварува идејата. Но, неговиот план за сите нас е поинаков.