Од јуни 2019 до ноември 2020 проверувачот на факти на Си-ен-ен, Даниел Дејл, на телевизијата во просек е споменат повеќе од еднаш на ден. Конзервативната пресметка е дека тоа е нешто повеќе од 500 појавувања или спомнувања на Си-ен-ен во период од 16 месеци.
За споредба, годинава од месец јуни до септември, Дејл, нема ниту една проверка на факти за Бајден. Пример, тој не решава да се ангажира ни кога Бајден дава очигледно фактички неточни изјави од типот дека инфлацијата во јули е нула проценти, и покрај тоа што е близу историскиот рекорд од 8,3%.
Во септември Бајден дава и изјава дека Законот за намалување на инфлацијата ќе помогне за „намалување на инфлацијата на трпезата“, и покрај тоа што речиси сите студии на темата покажаа дека тој нема да направи ништо за намалување на инфлацијата.
Ситуацијата е многу полоша со портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, чии изјави од јуни годинава Политико ги проверува само еднаш. Ова е истата портпаролка која во септември на говорница тврдеше дека луѓе влегуваат нелегално во САД, наспроти тврдењата на граничната полиција според која тоа се случува секојдневно.
Таа исто така тврдеше дека администрацијата на Бајден, на големо критикувана за тоа што ја запре изградбата на ѕидот кон Мексико и „Остани во Мексико програмата“ прави многу повеќе од претходната администрација за обезбедување на јужната граница. Овие изјави следуваат и покрај тоа што се очекува дека САД ќе ја завршат 2022 со 2 милиони нови нелегални мигранти.
Од преземањето на функцијата од Џен Псаки на 13 мај, проверка на фактите на Жан-Пијер ниту еднаш немаат направено Фактчек, Асошиејтед прес, Ројтерс, Вашингтон пост и Си-ен-ен.
„Како резултат на ова перцепцијата за проверувачите на факти сериозно настрада барем кај републиканците и независните. Истражување на Пју рисрч покажува дека 7 од 10 само-идентификувани републиканци сметаат дека проверувачите на факти се наклонети кон една страна, а истото го тврдат и половина од независните.
Лагите и полувистините мора да бидат прозвани. Не треба да е важно дали во Белата куќа има републиканец или демократ. Проверувачите на факти мора да бараат одговорност од законодавците и останатите јавни функционери без фаворизирање на партија.
Меѓутоа очигледно проверувачите на факти се на 4-годишен одмор. И тоа е патетично,“ пишува Џо Конча во текстот за Хил.