Претседателот Бајден по свои зборови е „машина за гафови“. Тоа, секако, не е оправдание, за претседателот да дава лажни и погрешни изјави, пишува проверувачот на факти за Вашингтон пост, Глен Кеслер, во својата анализа на американскиот претседател.
Од 2016 до 2021 изгледаше како секој збор и минута од секое излагање на тогашниот американски претседател да е детално претресувано и проверувано, како и што треба. Од моментот кога Бајден дојде на власт се повеќе изгледа како проверувачите на факти да се на колективен одмор.
По година и кусур пумпање на приказната Хилари изгуби заради неспособноста на Фејсбук да се справи со ботови и неброени патувања на американски новинари до Велес само за да се вратат со истата сторија (пост-комунизам, млади деца, сиромашни родители...), при последниот масакр во САД сите анти-бот / њуз механизми воведени од Фејсбук во овој период дозволија за кратко време мрежата да биде преплавена од лажни вести, кои тврдеа дека убиецот е од крајно левичарска организација. Од нив само еден пост беше споделен над 260.000 пати.
„Ама така пишуваше на интернет, професорке!“ - стандардното објаснување за некаква глупост во семинарските на генерациите растени онлајн барем за оние американските има антидот во форма на систем за проверка на вистинитоста на она што се цитира. Тој сега има и нов начин на датирање - пред, за време и (кој знае) по Трамп.
И да и не. Лошото е во тоа што вреди само ако доаѓа од истата страна, што е ретко. Ако дојде од противникот, реакцијата е "Пак лажат", без разлика колку и да се очигледни фактите.