За да им помогне на студентите, професорите, но и на пошироката јавност во проценка на релевантноста на информациите на кои наидуваат онлајн, а кои дури и искусен интернет корисник веќе е тешко да ги разликува, Американското библиотечно здружение нуди водич за проценка на истражувачките извори, особено на оние онлајн.
Неговото име не можело да биде позвучно. Се вика CRAAP, а е кратенка од Currency - време на објавување на одредена вест, Relevancy - важноста на информацијата за потребите на студентот, Authority - изворот на информацијата, Accuracy - коректноста и точноста на содржината и Purpose - причината зошто постои одредена информација.
Со бодување на секоја категорија (која има и подкатегории) на скала од 1-10 при што 1 е најлошо а 10 најдобро, се добива оценка за секој сајт и/или информација. Извор со бодови од 45-50 е одличен, 40-44 добар, 35-39 просечен, 30-34 на граница на прифатливост и под 30 - неприфатлив. Според овој тест, на пример, 20 години стара статија напишана од маркетинг агенција е помалку валдина од три години стара изјава на американски претседател објавена во негов мемоар.
Но сега, кога Трамп почнува да отфрла легитимни извори на информации и масовно да лиферува лажни вести, спомнатото Здружение почнува да ги освежува критериумите. Тоа особено се однесува на категоријата „авторитет“, која до сега подразбираше дека доколку информацијата е дадена од некој со формална титула таа би требало да биде земена посериозно. Всушност, се менува целиот концепт на авторитетност, кој сега е обврзно поврзан со оној на точноста.
На овој начин библиотекарите не само што им помагаат на студентите и на останатите да добијат пристап до литература, туку стануваат и активисти за точни и проверени информации.
Еве ја деталната листа прашања кои треба да си ги поставите пред да поверувате на кој и да е интернет сајт. Кога ќе видиш, утврдувањето на вистинитоста е толку комплицирана што повеќе се исплати ич да не сурфаш.