Живот и забава

Зошто има женски оргазам?

Додека машкиот оргазам е прилично неопходен за продолжување на човековиот род, женскиот не е задолжителен по ниту една основа (на страна од мир во куќа и сл.).

Кај што има Кинези, има и начин

Заради градежен потфат во споредба со кој шеиците од Емиратите изгледаат како неамбициозни ѕидари, Кинезите ќе срамнат 700 планини за да можат да изградат метропола сред пустина.

Документарец за војната што никогаш не може да успее

Војната против дрогата е до толку неуспешна, што Бил Клинтон и Џими Картер излегоа пред камера и во новиот документарец Breaking The Taboo најотворено признаа дека нивните политики против дрогите биле погрешни.

Вашето резиме нема врска со вашето вработување

Во истражување кое објаснува многу работи околу нашава компанија, се покажа дека работодавците попрво би вработиле кандидат кој е потенцијално друштво за во кафана, отколку кандидат кој ги има сите работни квалификации.

Како пропадна Мери

Во историјата на американските имиња, не постои толку драстичен пример на губење популарност на едно име како што е случајот со името Мери. "Двапати Мери, еднаш Весна", едноставно не одговара на американската реалност. Освен за оние што се по милферици.

Колку пари направи Пси од ЈуТјуб?

Само од тоа што речиси 900 милиони пати го изгледаа на ЈуТјуб, Пси заработи околу 1,7 милиони долари на Гангам Стајл.

Телевизиите масовно удираат на квалитет (ама не нашите)

ЕнБиСи Универзал и Виаком годинава успеаа да извадат профит од 50%, со што станаа "најпрофитабилниот голем бизнис во САД," анализира Њујорк Тајмс. Главна причина за ова, пеколно добра сопствена продукција.

Како најдобро да се претставите на интернет

На страна LinkedIn и она што мислите дека Фејсбук може да послужи како место за вашето резиме, најдовме неколку профи (а бесплатни) сервиси кои ќе ви помогнат одлично да се презентирате пред светот.

Никој не треба вака да изгледа

Генералниот консензус е дека метамфетаминот е лош, како што и сите други дроги се лоши. Да нема забуна, мет е веројатно меѓу топ 3-те најразорни дроги што постојат.

50 години тркалање

Картографска визуелизација на турнеите на Ролинг Стоунс. 1963/британска турнеја/ 2.812 километри. 2005/Bigger Bang/ 211,059 километри.

The Daily пропадна

Откако првите 90 дена ги почна со 40 милиони долари загуба, по година ипол постоење Руперт Мурдок го затвора The Daily, весникот направен исклучиво за Ајпад таблетот. The Daily беше обид на Мурдок да докаже дека може да се живее од претплата за вести.

Белград по грчки вкус

Светски познатата архитектка Заха Хадид е потписник на голема грчка урбанистичка инвестиција во ексклузивниот дел на Белград. Добар дел од експертската јавност е зачуден од контроверзниот изглед на планираниот комплекс.

Што имаат технолошките компании што им фали на другите

На изборот за Најдобри работни места во 2012-та, технолошките компании земаа 9 од 25-те позиции, вклучувајќи ги и 4 од првите 5.

Зошто ќе не закопаат два метра под земја?

Сметаме дека нема подобар начин за рассонување и релативизирање на понеделничката депресија (леле школо, леле работа) од една ваква тема. Видете, да бидеме искрени, сите ќе умреме. И бидејќи кај нас нема крематориум, најверојатно ќе не закопаат два метра под земја. Значи, од каде и од кога потекнува тоа правило за два метра?

Како муслиман упаѓа на журка?

Новооткриено дело на еден од највлијателните толкувачите на делото на Мохамед, го открива Багдад пред 1.000 години каков што најмалку го замислуваме.

Убавината на планираните градови

Станува збор за градови кои се направени од нула. Било празна полјана, измериле нацртале и направиле град. Главната поената на овие градови е да се оптимизира животниот простор, зеленилото, сообраќајот.

Дали диригентот е потребен?

Со помош на инфрацрвени зраци и комплицирани математички формули на еден Нобеловец, истражувачи испитувале дали диригентите навистина му е потребни на еден оркестар или само се топори сред сцена и мавта со раце.

Купи стан, добиј виза

Секој што ќе купи нов стан / куќа во Шпанија во вредност над 160.000 евра, заедно со тапијата за имот ќе добие и документи за престој во Шпанија.

Плакнење на новинарството

Заборавете на хомофобија и етничко чистење. Во желбата да се биде неутрален, Асошиетед прес подготвува прирачник во кој на своите новинари им забранува употреба на вакви "етикети".

Чоколадо од кое не се правиш сарма

Британскиот Cadbury патентираше чоколадо што не се топи: стои три часа на 40 целзиусови степени, го јадеш и прстите ти остануваат чисти. Британците се гневни.

Градови на фотокопир

Како што е ред и како што било од секогаш Ајфеловата кула ги надгледува Марсовите полиња кои завршуваат со редовите од згради, по кои продолжува остатокот од Париз. Како што не е ред и како што никогаш не било - пејзажов е од Кина.

Сконча една убава навика

Од угледен стоматолошки авторитет стигнува порака дека чистењето заби со конец е губење време. И овие кои до вчера викаа спротивно, сега коментираат: Па, така е.

Навалете со прсти

Со децении проетерувано како еден од најсељачките манири при јадење, новиот кодекс за однесување во ресторан дозволува јадење со прсти. За жал, немаме детали за макањето. 

Женската која се откажа од секс

Видете, ова не е баш нејзина фотографија (ја нема во добра резолуција) ама насловот е точен. Женската нема секс едно чудо години и ништо не ѝ фали.