Како што кабелските канали решија да почнат да ги префрлаат своите содржини на интернет (HBO Go) така најголемиот сервис за стримување на филмови на интернет одлучи да почне со сопствена продукција на серии.
Првиот потег е серијата House of Cards (главна улога Кевин Спејси) која ќе чини 3,8 милиони долари по епизода. ЦЕО-то на Нетфликс, Рид Хејстинг, најави дека планира да прави по пет вакви серијали годишно.
Нетфликс заработува само од претплата (7,99 долари месечно), не пушта реклами и нема блиски врски со големите медиумски конгломерати (на пример Тајм Ворнер е мајка компанија на ХБО).
Сепак математиката е следна:
- Нема да биде проблем да бидат на нула: За да не бидат во минус со House of Cards, на Нетфликс ќе му бидат потребни нешто повеќе од 520.000 претплатници во рок од две години (по 7,99 долари месечно). За да снимаат 5 вакви серијали секоја година, ним ќе им требаат дополнителни 2,6 милиони претплатници за да ги покријат трошоците. Работата е што во моментот, Нетфликс има 33,3 милиони годишни претплатници, што значи дека за да ги покријат сериите ќе им треба раст на бројот на претплатници од околу 10%. Само во САД, Нетфликс минатата година ја заврши 13-процентен раст на претплатници.
- Математиката на Нетфликс е подобра отколку на ХБО: ХБО наплаќа 15 долари претплата месечно, меѓутоа пола од парите им ги дава на кабелските оператори. Плус, од овие приходи плаќа за некои од најскапите ТВ серии во светот: True Blood - 5 милиони долари по епизода, првата епизода од Boardwalk Empire чинеше 20 милиони долари. Меѓутоа како дел од империјата на Тајм Ворнер, ХБО има поддршка во маркетинг и инфраструктура. Од друга страна, Нетфликс е сам. Има поголеми трошоци за изградба на инфраструктурата до корисниците, ама па за тоа не треба да дели ништо со кабелските компании или да им дава премии за новите членови.
- Поевтино е сам да правиш отколку да им плаќаш на други: До сега стратегијата на Нетфликс беше да им плаќа на дистрибутерите и авторите на содржини, како Дизни и Епикс. Меѓутоа тука доаѓаат главните проблеми на Нетфликс, тоа што приходите од претплата, не растат толку брзо како и трошоците за содржини. Причина за ова е што авторите на содржини знаат дека имаат предност во однос на Нетфликс. Така во 2008-ма Старз и Нетфликс се договорија за 30 милиони годишно. Кога Старз дојде повторно да го преговара договорот во 2011-та, тие од Нетфликс побараа над 300 милиони долари. Само за стримување на Mad Men, Нетфликс плаќа по 1 милион долари од епизода и покрај тоа што серијата е достапна и на кабелски.