Балон против колеги

Без разлика дали колегите се премногу гласни, премногу смрдат или едноставно премногу ги има, има начин како да се спасите без да има потреба од радикални мерки (ќотек или отказ).

Она што би требало да ве куртулиса од канцеларискиот напор е балон, направен од плексиглас, кој комплетно треба да ве изолира од колегите. Иако нема да бидете затворени во балон, изумот треба да ве остави на раат од остатокот од канцеларијата и сето она што се во неа.

Единствен предуслов за функционирање на изумот на францускиот дизајнер Кристијан Потгиес, се полукружни бироа.

Првите две инсталации на балонот е во канцеларии со големо споено биро за десетина вработени, кое на повеќе точки е испрекинато со дрва.

4 февруари 2013 - 17:29