Муслимански активисти од Вашингтон започнуваат аутдор кампања во обид да го вратат изворното значење на зборот џихад, кој за просечно медиумски озрачениот Американец асоцира само на тероризам, самоубиствени напади и шеријатски казни.
Организацијата сака да потсети на изворното значење на џихадот како лична борба, па во метрото ќе се постават плакати со порака "Мојот џихад е да продолжам исправено иако го изгубив синот" или "Мојот џихад е: умереноста не е слабост".
За да го поттикне враќањето на значењето, се форсира и хаштаг #myjihad на кој секој го опишува своето лично поимање на џихадот. Во изворното значење, тоа е борба на божјиот пат кој подразбира и потреба да се биде праведен и чувствителен за другите.