Живот и забава

За Ватикан нема 13-та плата

Папата Франциско одлучи дека парите предвидени за бонус на вработените на Ватикан многу повеќе им требаат на сиромашните низ светот. И таму ќе завршат.

Комшилук со историска густина

Виена во 1913-та година случајно задомува шарена група луѓе кои ќе го обележат целиот тој век. Замислете ги Тито, Фројд, Хитлер, Троцки и Сталин - во исто маало.

Како Асанж ги насанка медиумите

Минатата недела медиумите повторно се возбудија околу најновото откритие на Асанж кое се состоеше од веќе и онака јавни документи. Во исто време една важна истрага базирана на вистинскo новинарство заврши игнорирана.

Кога кампањите ќе напнат

По 25 години упорни кампањи против користењето дрога и милиони долари потрошени на пораки од типот "Вака изгледа вашиот мозок на дрога," излезе дека целата работа има сосема спротивен ефект.

Да му умре сексот на комшијата

Сексот нè прави среќни. Повеќе секс нè прави посреќни. Но, чувството дека имаме повеќе секс од другите – е, тоа е врвот на среќата!

Фотографите што го освоија Пулицер

Rodrigo Abd, Manu Brabo, Narciso Contreras, Khalil Hamra и Muhammed Muheisen од Асошиејтед Прес ја освоија Пулицеровата награда за "breaking news" фотографија, додека Javier Manzano хонорарец на Франс-прес, го освои Пулицерот за репортажна фотографија.

Не е само Езоп од нивна

Последниот што го погоди Иран и за кој се стравува дека однел стотина животи одново го разбуди длабокиот човечки страв од непредвидливоста на земјотресот. А група научници се речиси сигурни дека тајната ја знаат мравките. 

Равенка на чудата

Според математиката, чуда би требало да се случуваат секому и тоа барем еднаш месечно. Помага ако ги држите очите и ушите отворени.

Нешто што може не знаете за Нутела

Ова е еден од ретките брендови за кои речиси никој не може да каже нешто лошо, или па воопшто да помисли. Постои со децении, ја има низ цел свет и сето ова време се произведува во една единствена фабрика, која е толку таинствена што има сопствени инженери кои и ги составуваат машините за производство на Нутела.

Еволуција на глупоста

Ако еволуцијата е механизам кој ги сосекува неуспешните, како тогаш глупоста (како особина која баш и не придонесува за успешноста на еден вид) досега не само што не била елиминирана туку станува се повидлива?

Игри на гладта и уметноста на промовирање филм

За вториот дел од Игри на гладта, Лајонсгејт се одлучи на филигранско штимање на кампањата за промоција на филмот.

Тато, врти ме!

Секоја култура си има своја, таканаречена „родителска етнотеорија", за тоа кој е вистинскиот начин да се воспитува дете (нешто како свекрва, ама на ниво на општество). Ова се избори кои ги правиме несвесни за нив, иако на некој аутсајдер тие му се очигледни, особено кога се очигледно погрешни.

Земјоделска задруга "Дафт Панк"

Промоцијата на новиот албум на Дафт Панк ќе биде во Австралија, поточно на Саем за земјоделство во Австралија.

Дали „убавите круши свињите ги јадат“?

Да речеме дека дека сите се хетеросексуални и во моногамни бракови, дека има ист број на мажи и жени, дека нивната стапка на стапување во брак е иста, дека има ист процент привлечни жени како и мажи, и дека стапката на стапување во брак на привлечните луѓе од секој пол е иста.

Зошто пиратите носеле онакво преку око?

О, глупо прашање, о, морес! Па нормално дека носeле превез затоа што го изгубиле окото во некоја жестока морска битка или мечувалски двобој! Е па, не!

Игрите за мозок не фаќаат

Излезе дека сите оние игри "за подобрување на памтењето" всушност само ја подобруваат способноста на луѓето да играат игри за подобрување на памтењето.

Американски расад за извоз

Иако во најголемиот дел од американската историја, текот на луѓе (и генетски материјал) бил кон земјата, во последните години САД стана водечкиот извозник на сперма во светот.

Како британските весници се збогуваа со Тачер

Смртта на Челичната лејди, на ниту еден начин не влијаеше на поделбата во општеството и медиумите за нејзината улога во британската историја. Тие што ја сакаа ја испратија со жалење, оние другите како едвај да чекаа да дојде денот.

Џастин Тимберлејк и правилото "AC/DC"

Џастин Тимберлејк се врати на сцената со својот трет соло албум во последните 10 години и направи крш по топ листите. AC/DC би знаеле на што се должи ваквиот успех.

Мајка, по Макијавели

Макијавелизмот обично означува политичка доктрина која промовира бескрупулозно рационални методи во владеењето и не дозволува да биде ограничувана од морални начела. Инспирација од езуитската мудрост дека целта ги оправдува средствата добила и една Американка која решила макијавелистичките принцпипи да ги спроведе во своето семејство.

Масовно вадење цицки

После она со Самоил, ваква масовка се нема видено: врвни медицински авторитети од Велика Британија побараа од Владата (?) да нареди отстранување на градните импланти кај 50.000 жени. Не, не важи правилото на секоја стота...

Диверзификација на свињата

Иако на сите им е јасно дека најслатко прасечко е интегралното (она кое се јаде цело), продавачите на свинско сметаат дека произвoдот не им се продава најдобро само затоа што различните парчиња месо немаат фенси имиња.

Шампионат кој ѝ треба на Македонија

Во Сан Диего, за прв пат на национално ниво, Америка го бара својот шампион за смеење.

Телевизијата ви штети на бракот

Очекувањата бракот да ви биде како бракот на ликовите што ги гледате во телевизиските серии, не само што нема да ви се остварат, туку е и многу веројатно да завршат со развод.