Нолан веќе не формално разговарал за режирање на наследникот на Скајфол, со продуцентите на 007 Барабара Броколи и Мајкл Вилсон.
Тој моментално работи на фантастиката Interstellar, со Метју Мекконахи, Џесика Честејн, Ен Хатавеј и Мајкл Кејн, што значи дека не е веднаш достапен за режирање на 24-от дел од Бонд.
Уште претходно Нолан изјави дека е фан на Даниел Крег верзијата на Бонд, и дека им се восхитува на Бонд филмовите.
Иако беше побарано од режисерот на Скајфол, Сам Мендез, да го снима и следното продолжение од Бонд, тој одби за да се фокусира на работа во театарот на преставите Кралот Лир и Чарли и фабриката за чоколади.
За следното продолжение до сега потврдено е учеството на Ралф Фајнс, Наоми Харис и Бен Вишо. На почетокот од годинава, директорот на МГМ соопшти дека следното продолжение треба да биде во киносалите во следните 3 години.