Зградата на Кинезите, Скај Сити, треба да биде пуштена за нешто повеќе од година и пол, и ако успее истата оваа зграда ќе почне масовно да се произведува.
Разликата меѓу Скај сити и останатите облакодери е што сите нејзини делови однапред ќе бидат произведени во фабрика и локацијата ќе треба само да се состават како Лего коцки.
"16.000 хонорарни и 3.000 редовно вработени работници 4 месеци ќе ги произведуваат деловите за зградата и потоа за три месеци ќе треба да ги спојат на локацијата."
Како што објаснува производителот Broad Sustainable Construction, ваквите згради речиси 5 поефикасно ја користат енергијата, цената им на изградба им е за половина помала отколку на регуларните и собираат многу повеќе луѓе.
BSC во зградата ќе смести 30.000 луѓе во 4.450 станови (ќе има и 250 хотелски соби), што значи дека жител на Скај Сити ќе користи само една стотинка од земјиштето што го користи просечниот кинески жител.
Таа нема да биде изградена во некој од големите центри како Пекинг и Шангај, туку ќе ја сместат во близина на главниот град на провинцијата Чангша (со само 7 милиони жители.)
Сегашниот шампион е Бурж Калифа, чија изградба почна во 2004-та а официјално беше пуштен во 2010. Зградата уште нема соодветен канализациски систем и проблемот се решава со камиони.