Parkroyal се наоѓа во Сингапур и е дело на WOHA Architects. Целиот хотел е претрупан со градини, ходници со зеленило и најразлични базени и фонтани.
На 5-от кат се наоѓа базен со поглед на целиот град, а околу него има градина со должина од 300 метри.
Хотелот го доби BCA Green Mark Platinum, највисокиот рејтинг за зелени згради во Сингапур и Solar Pioneer Award за тоа што е една од првите згради која собира соларна енергија за греење.