Фирмата "за дизајн и идеи" Идео од 2008-ма има внатрешен проект Design On, чија цел е да се "култивира отворена и активна дизајнерска култура."
Годинава темата на која работеа дизајнерите е "пакување," поточно како тоа може да заземе поактивна или водечка улога во консумацијата на објектот или проектот. Дизајнерите требало да размислуваат во две категории: врски и напнатост.
"Врските" се однесуваат на дизајните кои се занимаваат со тоа каква е интеракцијата на корисниците со производот, како и тоа каков впечаток и влијание остава производот на околината. На пример, "Hygiene" е големо пакување кои го сокрива купувањето на тоалет хартија на големо.
"Напнатост" има спротивна задача, и вклучува концепти кои идентификуваат прекинување на врската меѓу корисникот, предметот или нивниот материјал. На пример "Chopsticks" буквално ја нагласува високата цена што ја плаќаат ресурсите за производство на стапчиња за јадење за едно користење. "Mr. Carcass" му излегува во пресрет на чувствителниот готвач кој не сака тазе сеченото месо да го фаќа со голи раце.
Сите овие дизајни за сега се само на хартија / фајл.
Expired
Наместо сегашните пренатрупани пакувања за лекови од кои не можеш да извадиш никаква корисна информација, зошто пакувањата не би функционирале исто како и бананите. Како им се приближува истекот на рокот на траење, така пакувањето/етикетата да почнува да "скапува".
Sharing Scent
"Концептот ја слави идејата за чекање. За исчекување. За одложено задоволство. Капсулата од миризливата свеќа е видлива уште од старт, меѓутоа не е достапна се додека не заврши 'времето за горење.' Се додека огнот не дојде до центарот, ќе се осетат единствено траги од мирисот. Кога мирисот ќе исчезне, ќе остави само чиста свеќа и конец од мемории."
Rice
Иако оризот е една од основните состојки во која било исхрана, неговото пакување и понатаму изгледа бледо и чисто индустриско. Овие дизајни ја издигнуваат неговата улога во нашиот живот и го прават лесно препознатлив и лесен за пренесување во урбаната околина.
Lux Paper
На сите ни треба, ама никој не може да изгледа како фраер додека низ град носи кеса од 12 ролни тоалет хартија. Проблемот се решава користејќи непроѕирно надворешно пакување дополнето со рачки за преку рамо, и дизајн кој потсетува на некој од познатите луксузни брендови како Луи Витон и Прада.
4G Tapes
Картонска касета која на ниту еден касетофон нема да може да се пушта ама ги има сите предности на дигиталната музика. Касетата е со QR код, кој води директно до линк со листа од песни на Ајтјунс.
Chopsticks
Годишно во Кина се сечат околу 25 милиони дрва за да се поддржи индустријата на стапчиња за едно користење. Од овие дрва се прават 45 милијарди парови стапчиња годишно. Цената на овој "модел" биде 750 долари, и таа треба да потсетува дека цената на стапчињата кои секој ден се користат е далеку поголема од она што се плаќа за нив.
CNDM
Пакувањето за кондомите е една од причините зошто и после толку години на луѓето уште им е незгодно кога ги купуваат. Ова е едно од решенијата кое целата работа би ја направило далеку по едноставна и би го подобрило речиси идентични дизајн на пакувањата на кондоми.
Cigg Seeds
Без разлика на сите обиди, сепак улиците и парковите се преполни со отпушоци од цигари. Еден од начините да се искористи оваа навика на луѓето е создавање на био-разградливи филтри за цигари, кои во себе ќе содржат семе од диво цвеќе, кое ќе почне да расте кога пикавецот ќе заврши во некој парк или тревник.
Mr. Carcass
Сосема чист начин за справување со свежо месо, за оние кои не сакаат да фаќаат такви работи.
Light My Ire
Што ако отворањето на кутија цигари е доволно тешко за да ве натера да се откажете од тоа. Тешко како да треба без гледање, со една рака, под вода и на сериозни седативи, да решавате Рубикова коцка.