Oд 4.600 пациенти - 45% никогаш не користеле марихуана, 43% во минатото пушеле марихуана а 12% се уште биле активни пушачи. Овие од последната група имале пониски нивоа на отпорност кон инсулин и повисоки ниво на "добар" холестерол.
Истражувањето ги потврдило и претходните резултати дека иако луѓето кои пушат марихуана внесуваат поголем број на калории, тие сепак имаат "помали струкови" заради поврзаноста на марихуаната со нискиот БМИ.
Иако самите автори не се сигурни зошто ова се случува, тие претпоставуваат дека марихуаната некако ја подобрува контролата на инсулинот и ја регулира тежината.