Како да направиш супермаркет што сите ќе го сакаат

Супермаркетите и онака веќе се доведени до совршенство како лавиринти од кои треба без некаква намера да излезете претоварени со полни кеси. Она што му фали на секој супермаркет е да изгледа како место во кое луѓето сакаат да се наоѓаат.

NL Architects е компанија која планира да го промени ова, а како прв чекор е нивниот предлог за супермаркет во Санја, Кина.

"Оригиналното барање на клиентот бил триаголнест објект. Откако ја проучиле локацијата во јужна Кина, архитектите развиле проект кој на глава го превртил почетното барање."

Нивното решение било закопување на супермаркетот под земја, над кој на приземје ќе има стаклен павилјон, покриен со кров од каскадна градина.

"Дизајнот на неколку нивоа ќе има повеќе практични примени - продавницата ќе биде под земја, над него е паркингот и доставувањето роба, додека приземјето архитектите ќе можат да го искористат за дополните интервенции."

Делот кој посебно воодушевува е огромниот павилјон за кафе, кој е опкружен со раскошни каскадни градини, што го прави целиот комплекс "визуелна икона и впечатлив влез кон супермаркетот."

"Често потенцијалот за пејзаж на кровот е занемарен или потценет," објаснуваат архитектите од НЛ, кои се надеваат дека нивниот проект ќе му даде "визуелна издишка" на соседството кога ќе биде завршен во 2014.

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17 мај 2013 - 18:12