Живот и забава

Градовите се иднината на човековата еволуција

Пред 7.000 години луѓето почнуваат да живеат во урбани населби. Како што еволуирале луѓето низ милениумите, така еволуирале и градовите. Ова не е завршено, градовите ќе продолжат да еволуираат, само наместо кулите од стакло и челик, поверојатно е дека тие ќе наликуваат Мачу Пикчу.

Колку помалку букви во името, толку повеќе цифри во платата

Американците пресметале дека секоја дополнителна буква во името, ја намалува годишната плата на човекот за 3.600 долари.

Антибиотик против женска фаталност

Женската убавина знае да ја замати машката памет до степен да донесува сосема неразумни одлуки. За среќа, тука се антибиотиците.

Сабџект: Чуму сето ова?

Ако сакате да добиете одговор на некој ваш меил, погрижете се писмото да ви биде тажно и песимистичко.

Стонси фаќаат мувла

За прв пат во последните 180 години, влезниците за концерт на Ролинг Стоунс беа достапни на благајна до пред самиот почеток на свирката. Не е дека Стонси веќе не ги бива, туку картите чинат по 600 долари.

Енглези се прават Македонци

Не дека сакаме дополнително да го комплицираме нашиот национален идентитет, ама има нешто англиско во нас: дали било претопло или престудено, пресуво или превлажно, и Македонците и Англичаните обожаваат да кукаат за времето.

Како знаеш дека претерале со социјални медиуми

Затоа што последните 5-6 години покажа дека социјалните медиуми и алкохолот се одлична комбинација, Бадвајзер изработи чаша за пиво која автоматски те поврзува на Фејсбук.

Најдобрата свирка на која не сме биле

Од брендот, стадионските концерти и мегатурнеите, кај Ролинг Стоунс сè е големо со гигантски размери. Освен кога ќе решат да се загреат на клубска сцена и пред само пар стотина луѓе да ги спраштат своите најдобри песни. Е па, синоќа, во Л.А.

Сите црвенокоси се со педигре

Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса. Најмногу наследници на нултиот црвенокос човек има во Велика Британија.

Националното богатство - багетот

Со сериозност на Нобелов комитет, жирито на Најдобар багет на Париз седна ги мирисаше, ги мереше, ги проба и на крај го одбра најдоброто француско лепче во земјата.

Сите наши слаби точки

Уште при првото запознавање со алкохолот има две работи кои ти се јасни, прво не треба да пиеш на празен стомак, второ не треба да пиеш ако си на лекови. Со тек на време науката открива и други споредни моменти кои влијаат на тоа колку брзо се опиваме.

Мебелот што сам се мести

Не е во прашање една од оние ИКЕА направи сам финти во која цел ден пребројуваш шрафчиња и бараш правилен шрафцигер, туку мебел направен од технологијата која се користи за вселенски антени.

Сон за плодност

Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.

Зошто бургерите на МекДоналдс не скапуваат?

Деновиве се појави веста за хамбургер од МекДоналдс од 1999-та кој по 14 години не е скапан. Како тоа?

Срушете ги семафорите за подобар сообраќај

Идејата доаѓа од Британија и звучи како план на стрип негативец кој сака да гледа како човештвото пропаѓа во хаос.

Репортери без хартија

Единствената добра вест за новинарите во весниците е што нивната професија сè уште постои. Лоша е што таа е прогласена за најбезперспективната професија во 2013-та година.

Печурките на виделина!

Иако растат во темни и влажни места, за да видите аир од нив, пред да ги јадете, печурките треба да ги извадите на сонце.

Концерти - забава за буржоазија

Ако се суди по цените на влезниците за концерти, рокот од музика за бунтовните и младите, сега се претвори во музика за елитата.

Модни мршојадци

Надвор од една шведска болница за анорексични се собираат деловни луѓе кои се дојдени по работа. Што работат тие таму? Бркаат неухранети девојки да ги прават манекенки.

Опозиционо пореметување

После 13 години, американските психијатри издаваат нов "Прирачник за дијагностицирање и статистика на менталните пореметувања," во кој и непослушноста кон власта се смета за психички проблем.

 

Ако не можеш да го решиш, прати му го на друг

49 сојузни држави се уште немаат најдено решение за тешката, долга и скапа процедура за лечење на менталните болести. Невада пак одлучи овие луѓе да ги качи во автобус.

Што ќе им оставиме на археолозите?

Иако на прва некако е логично човек да помисли дека нашава цивилизација во најдобро сочувана состојба ќе ја преживее Нокиа 3310, еден јапонски уметник не се согласува со ова.

Динклиџ за Плејбој

Питер Динклиџ за тоа дека најважно во Игра на троновите е некој да не те прободе во око, како се живее во Њујорк кога си сиромашен и мајка му која мислела дека Брус Спрингстин не го бива.

И тоа каков парк ќе добие Париз

Данската компанија БИГ беше избрана за изработка на проектот за комплекс составен од шопинг центар и место за одмор, на чиј покрив ќе биде сместен парк, и сето ова на површина од 80 хектари во реон меѓу двата аеродрома во Париз.